Автор: Томислав Кежаровски

Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, денеска изјави дека Вашингтон не смее да ја подредува својата надворешна политика на Блискиот Исток на државата Израел, нагласувајќи дека САД мора да се грижат за своите национални интереси. Зборувајќи на конференција организирана од подкастот „All-in“, Венс рече дека Израел е важен партнер на САД во областа на воената технологија и споделувањето разузнавачки информации, но дека Вашингтон понекогаш има ставови што се разликуваат од оние на израелската влада, објави „Тајмс оф Израел“. Венс рече дека американскиот претседател Доналд Трамп, повеќе од кој било друг американски претседател во последните 40 години, покажал подготвеност да се раздели со…

Read More

Во непосредна реакција на пресудата, албанскиот премиер Еди Рама објави слика на Facebook на која се гледа бодликава жица преку карта на Европа и порака од еден збор: „Marre“ („Срам“). Рама во повеќе наврати го критикуваше судењето како неправедно. Поддржувачите на обвинетите, кои отпатуваа во Хаг за изрекувањето на пресудата и го следеа преносот во живо во јавен парк, бурно реагираа кога беа објавени осудителните пресуди. Накратко дојде до судир со холандската полиција, која употреби солзавец и палки во обид да ги смири дел од поддржувачите на ОВК.

Read More

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп пренасочува десетици милиони долари воена помош, првично наменета за Македонија и дел земји во Европа и Блискиот Исток, за поддршка на конзервативните влади во Централна и Јужна Америка. Стејт департментот го извести Конгресот на САД за својата намера да пренасочи 52 милиони долари средства во рамките на програмата за финансирање на странска војска од Северна Македонија, Словачка, Тунис и Ирак кон Панама, Перу, Еквадор и Колумбија. Програмата за финансирање на странска војска вклучува распределба на средства од американските даночни обврзници до земјите-партнери за купување оружје и воена опрема од американски изведувачи на одбраната. Прераспределбата…

Read More

До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.

Read More

Цените на енергијата на европските и глобалните пазари продолжуваат да растат, при што цените на суровата нафта од типот Брент ја преминуваат границата од 107,50 долари, додека европскиот природен гас повторно се приближува до нивото од околу 82 евра за мегават-час. Цената на американската сурова нафта од типот Западен Тексас Интермедијар (WTI) моментално се тргува во опсег од 103,24 долари за барел за фјучерсни договори. Според податоците од Investing.com, цената на фјучерси на TTF достигна 80 евра за мегават-час. На берзите се регистрира блага негативна динамика: Европски индекси: рускиот MOEX е во пад од 0,61 процент, францускиот CAC е непроменет на…

Read More

Поради отпорот кон вакцинацијата во богатите земји, целосното искоренување на сипаниците како глобална закана за јавното здравје денес веќе не е остварливо, изјави Бил Гејтс. Коосновачот на „Мајкрософт“ и милијардер истакна дека искоренувањето на таа смртоносна детска болест претходно било една од можните цели на неговата фондација, што се занимава со глобалното здравје и со најсиромашните луѓе во светот. Сепак, тој план сега е целосно отфрлен поради сè поголемото колебање и одбивање на вакцинацијата во развиените земји Станува збор за скептицизам што со децении го застапува Роберт Ф Кенеди Џуниор, актуелен американски министер за здравство во администрацијата на претседателот Доналд…

Read More

Унгарската влада во понеделник поднесе предлог-закон до парламентот со кој ќе се укинат анти-ЛГБТ одредбите што ја забрануваат „промовирањето на хомосексуалноста“ меѓу лицата под 18 години, воведени од поранешната влада на Виктор Орбан. Владата на Орбан, која беше соборена на изборите во април по 16 години на власт, промовираше христијанско-конзервативна агенда, а во 2021 година го забрани „приказот и промоцијата на хомосексуалноста“ и промената на полот во медиумите достапни за лицата под 18 години. Орбан тврдеше дека анти-ЛГБТ законите се воведени за заштита на децата, но ограничувањата предизвикаа остри критики од организациите за човекови права и Европската Унија. Новата министерка…

Read More

Европскиот парламент се состанува на пленарна седница во Стразбур од вчера до четврток каде главната тема на првата пленарна седница од новата политичка сезона ќе биде годишното обраќање за состојбата на Европската Унија од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кое ќе биде в среда. Фон дер Лајен ќе ги презентира постигнатите резултати во изминатата година и законските иницијативи што се очекуваат за следната. Тоа ќе биде нејзино второ такво обраќање во овој мандат. Секоја година во септември, претседателката на Европската комисија држи обраќање за состојбата на Унијата пред Европскиот парламент. Ова е можност претседателката да…

Read More

Украина ќе добие речиси 841 милион долари буџетска поддршка од Светската банка со гаранции од канадската влада. Ова денеска го соопшти украинскиот премиер Серхиј Корецки. „Во услови на буџетски дефицит и дисбаланс во јавните финансии, ова е исклучително важна и навремена поддршка“, напиша Корецки на „Телеграм“. Средствата ќе бидат наменети за исплата на пензии. Канада преговара за учество во заемот на ЕУ за Украина во вредност од 90 милијарди евра, во рамки на напорите да ги зајакне врските со Европа и да ја намали зависноста од САД.

Read More

Европската Унија ќе воведе забрана за користење социјални мрежи, платформи за споделување видео-содржини, четботови со вештачка интелигенција и онлајн-игри за деца под 15 години, се наведува во досега најсеопфатниот план за заштита на децата од опасностите на Интернет. Во документ на Европската комисија до кој дошле медиумите се изразува загриженост поради растечкото влијание на големите платформи, меѓу кои Фејсбук и Инстаграм на „Мета“, ТикТок, Јутјуб на „Гугл“ и „Четџипити“, врз здравјето и безбедноста на децата. Предлогот на ЕУ е дел од европскиот закон за децата што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и извршната потпретседателка на ЕК за…

Read More