Автор: Томислав Кежаровски

Познатата канадска пејачка Селин Дион го одржа својот прв концерт по шестгодишно отсуство поради ретка и многу опасна болест, на големо задоволство на нејзината бројна публика. Публиката, во која имаше и француски актери и познати личности, ја поздрави славната пејачка со овации и стоечки аплауз, како што пренесоа речиси сите француски медиуми. „Сакам да кажам дека сум добро. Научив да живеам со кревкоста. Живеам со неа, ја скротив и одлучив да ја претворам во извор на животна сила“, изјави Селин Дион во саботата вечерта, пред 30.000 гледачи собрани во арената во Нантер, западно од Париз. Селин Дион (58) пееше два…

Read More

Германскиот тенисер Александар Зверев е новиот шампион на турнирот во САД. Во големото финале, тој го совлада домашниот тенисер Бен Шелтон со 3:1 во сетови (6:3, 7:6, 5:7, 6:2). Ова е прва гренд-слем титула за Германецот на „Флашинг Медоус“ и вкупно втора во неговата кариера. Интересно е што до двете титули стигна оваа година, бидејќи неодамна триумфираше и на „Ролан Гарос“. На тој начин, донекаде неочекувано, тој стана најуспешниот тенисер на грен-слем турнирите во 2026 година, бидејќи на „Австралија опен“ победи Карлос Алкараз, а на Вимблдон – Јаник Синер. Зверев заслужено освои нова грен-слем титула. Во првиот сет тој направи…

Read More

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го повика украинскиот колега Володимир Зеленски да нареди прекин на нападите врз руските дизел-инфраструктури. За време на посетата на Ирска, Трамп изјави дека овие напади предизвикуваат недостиг на дизел. На новинарско прашање дали разговарал со Зеленски по неговиот неодамнешен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп го повика Зеленски да ги прекине нападите врз рускиот дизел. – Господинот Зеленски треба да направи една работа. Тој треба да запре со уништувањето на дизел-горивото во Русија – изјави Трамп. – Нека напаѓа цели, но не и дизел-горивото, бидејќи така предизвикува недостиг на дизел-гориво – додаде тој.…

Read More

Владата вчера попладнето соопшти дека на седница е донесена одлука за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти за дизелот. Одлуката, како што информира Владата, е со цел да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата. – Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно…

Read More

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска преку писмено соопштение реагира на одлуките на Врховниот суд во врска со пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци и пуштањето на слобода на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Оттаму обвинуваат дека одлуките на највисокиот суд во државата се последица на инсталациите на СДСМ и ДУИ во правосудниот систем, кои според владејачката партија, сè уште се активни. Последниот развој на настаните во врска со овие два предмети од ВМРО-ДПМНЕ го доведуваат во корелација со неодамнешната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да го затвори предметот за јавните набавки за…

Read More

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО Уште еднаш се потврди, арамијата Мицкоски штом отвори уста – ги лаже граѓаните. Дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Тоа вчера сите го видоа. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски, за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говорат од самиот почеток. Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што. Откако призна…

Read More

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, синоќа ги повика Германците да ги бранат слободата и демократијата, во апел упатен неколку дена по историскиот успех на крајнодесничарска партија на изборите во германска покраина, што предизвика реакции ширум светот, објави ДПА. „Како што често се случува, не постои нешто како бесплатен ручек – ништо не доаѓа без цена“, нагласи Меркел, која управуваше со Германија повеќе од 15 години. „И вие имате мала задача што треба да ја исполните“, истакна поранешната канцеларка во обраќањето пред 1.200 луѓе собрани на островот Узедом во североисточната покраина Мекленбург-Западна Померанија, пред кои презентираше извадоци од својата автобиографска книга…

Read More

Парламентарните избори во Србија на 25 октомври ќе бидат најтешката битка во политичката кариера на претседателот Александар Вучиќ, неоспорниот националистички лидер кој владее со земјата 12 години, пишува британскиот весник Фајненшл тајмс. Лондонскиот весник оценува дека Вучиќ повикал на вонредни парламентарни избори во обид да го продолжи своето владеење – со цел да си го отвори патот да стане премиер пред да му истече претседателскиот мандат напролет. Српскиот лидер се соочи со широки протести поради корупција и авторитарните тенденции, а од студентското движење се појави силна опозициска група која би можела да го симне од тронот, потсетува ФТ. Студентите прво…

Read More

Нападите врз САД на 11 септември 2001 година оставија трага врз светската политика, безбедноста и меѓународните односи. Само неколку часа беа доволни за Соединетите Американски Држави да влезат во нова ера на борба против тероризмот, а последиците од тие настани се чувствуваа со години. Деветнаесет членови на Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони и ги искористија како оружје во координирани самоубиствени напади. Загинаа 2.996 луѓе, меѓу кои и киднаперите, а меѓу жртвите имаше државјани на повеќе од 90 земји. Во 8:46 часот по локално време, Боинг 767 на „Американ ерлајнс“ удри во Северната кула на Светскиот трговски центар во Њујорк.…

Read More

Во Македонија досега се регистрирани 58 случаи на западно-нилска треска, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје, заклучно со 8 август. Од вкупниот број заболени, 54 случаи се потврдени, додека четири се класифицирани како веројатни, согласно дефиницијата за случај.Најголем број од заболените се од Скопје – 55 лица. По еден случај е регистриран кај жители на Велес, Куманово и Свети Николе. Според епидемиолошките податоци, 57 од случаите се автохтони, додека едно лице има историја на патување во Грција. Сепак, инкубацискиот период кај овој случај опфаќа и престој во Македонија. Меѓу заболените доминираат мажите. Регистрирани се 46 машки лица, односно…

Read More