Автор: Томислав Кежаровски

Работна група на Обединетите нации предупреди дека светот ќе се соочи со масовен глад доколку Ормуската Теснина набргу не биде отворена за сообраќај. Извршниот директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (УНОПС), Мореира да Силва, изјави дека една третина од светските резерви на ѓубрива, вклучително амонијак, сулфур и уреа, се транспортираат низ Ормуската Теснина. Се проценува дека речиси 45 милиони луѓе би можеле да умрат од глад поради недостиг на ѓубрива, чии патишта во моментот се блокирани. – Ни остануваат уште неколку недели за да спречиме она што веројатно ќе стане масовна хуманитарна криза. Сезоната на садење не може…

Read More

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ дале политичка поддршка за продлабочување на соработката со партнерите од Западен Балкан во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, но и додаде дека за возврат очекуваат понатамошни реформи, почитување на владеењето на правото и јасно усогласување со надворешната политика на ЕУ. На прес-конференција по вчерашниот министерски состанок во Брисел, Калас рече дека Западен Балкан е стратешки приоритет за ЕУ и оти поддршката на ЕУ се однесува на борбата против хибридните закани и дезинформациите, новото Партнерство за безбедност и одбрана со…

Read More

Во фокусот на работната средба беа клучните стратешки определби на компанијата: извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација, примената на ESG-стандардите, проектите за општествена одговорност и долгорочната посветеност на одржлив раст и глобална пазарна диференцијација. Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Метју Лосон, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, на која домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов. За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и…

Read More

ФБ статус Драган Даниловски ДАЛИ НАВИСТИНА ХАНТАВИРУСОТ НИ Е НАЈГОЛЕМИОТ ЈАВНОЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ? Хантавирусот деновиве стана новата суровина за глобалната индустрија на страв. Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото. Речиси по автоматизам, повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“… Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус. Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и…

Read More

Цените на суровата нафта на светските берзи и натаму остануваат нестабилни со константни движења во двете насоки. Кризата на блискиот исток ја држи цената и натаму останува висока па утрово барел нафта од типот Брент се тргуваше за близу 105 долари. Во земјава корекција на цените на нафтените деривати се очекува денеска на пладне а новите цени ќе се применуваат од вечерва на полноќ. Историските податоци покажуваат дека бензинот по денешната цена се продавал во истиот период пред 2 години додека највисоката цена во својата историја ја достигнал во јуни 2022 кога еден литар се продаваше по 111,5 денари, Дизелот…

Read More

 Пробите за настапите на 70. издание на големиот музички натпревар „Евровизија“ се објавени на официјалниот Јутјуб – канал. Триесет и пет земји учествуваат на натпреварот, чиј домаќин годинава е Австрија. Првото полуфинале е во вторник, второто во четврток, а големото финале е закажно за во сабота. Главни фаворити за победа, според обложувалници на интернет, се Финска, Грција и Данска. Фото и видео: Официјален евровизиски Јутјуб-канал

Read More

Фото: Јутјуб Според индексот на „Мач бетер адвенчурс“, првото место на листата на најдобри европски дестинации за „соло“ патувања во 2026 година ѝ припадна на Италија. Рангирањето е направено според критериумите за безбедност,  пристапноста на оброците и леснотијата за добивање визи. Според авторите на истражувањето Италија претставува комбинација од врвна гастрономија, развиена железничка мрежа и разновидни природни пејзажи, што ја прави особено привлечна за „соло“ патниците.Во образложението се нагласува дека токму оваа комбинација овозможува лесно движење низ земјата, но и разновидно туристичко искуство. -Италија нуди исклучително широк спектар на активности. Без разлика дали планинарите на Доломитите, возите велосипед низ маслинови…

Read More

Шефот на дипломaтијата, во видео обраќање, вели дека Македонија постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци, притоа посочувајќи дека земјата е 100 проценти усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што, како што наведува, ја потврдува не само посветеноста на државата кон реформите, туку и јасната стратешка ориентација за членство во Унијата. Проширувањето е императив и за Европската Унија (ЕУ) и за земјите кандидатки, изјави денеска шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски пред почетокот на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ во Брисел, со кој претседава високата претставничка на…

Read More

Поранешниот полски министер за правда Збигњев Зјобро е во САД откако избегал од Унгарија. Полска најавува барање за екстрадиција и објаснување како влегол без важечки документи. Поранешниот министер за правда на Полска, Збигњев Зјобро, кој е обвинет за повеќе кривични дела во неговата татковина, потврди дека од Унгарија отпатувал во Соединетите Американски Држави. Изјавата ја даде во неделата за десничарската телевизија „Република“, по претходни медиумски објави. „Се наоѓам во Соединетите Американски Држави. Пристигнав вчера и ова ми е трет пат да патувам низ земјата“, изјави Зјобро. Зјобро, кој минатата година доби азил од владата на Виктор Орбан, се соочува со…

Read More

Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред денешната седницата на министрите за надворешни работи во Брисел, истакна дека во ЕУ има место за сите држави од Западен Балкан. Очекувам сите овие земји цврсто да останат на патот кон ЕУ, наведе Кос. Според неа, се дискутира можноста за постепено пристапување, вклучувајќи не само единствениот пазар, туку и соработка во областа на одбраната.

Read More