Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
- Цената на нафтата паѓа
- ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
- Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
- Италија го менува својот изборен систем
- Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
- „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
- УХМР со временска најава за продолжениот викенд
- Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Автор: Томислав Кежаровски
Минхенскиот Октоберфест започна завчера откако градоначалникот го отвори првото буре пиво, со што официјално беше означен почетокот на 191-то издание на еден од најголемите светски пивски фестивали. Градоначалникот на Минхен, Доминик Краузе го отвори првото буре со традиционалниот извик: „Отворено е!“ Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите. Покрај пивото, меѓу бараните специјалитети се и переците, печеното свинско месо и колбасите. Се очекува околу шест милиони луѓе да го…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека планираната монументална Триумфална капија кај Вашингтон ќе има и воена функција – во неа би биле сместени дронови, снајперисти и резерви на муниција. Проектот, висок околу 76 метри, сè уште ја нема добиено конечната согласност од сите надлежни институции. Трамп соопшти дека одлуката ја донел по, како што наведе, „силно барање“ од американската војска и од причини поврзани со националната безбедност. Според неговата објава на Truth Social, објектот би требало да овозможи складирање и брзо распоредување на голем број дронови, позиции за снајперисти на покривот и на платото околу капијата, како и складирање снајперска…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц соопшти дека останува на функцијата и покрај тешките резултати за неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, пренесува Би-би-си. Во Мекленбург-Западна Померанија, според излезните анкети, крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) освои околу 38 отсто од гласовите, додека Социјалдемократската партија (СПД) беше на околу 36 отсто. ЦДУ се движи на околу пет отсто, со што се најде на прагот на влез во покраинскиот парламент. Во Берлин, според проекциите на германскиот јавен сервис ЗДФ, Левица води со речиси 26 отсто, пред ЦДУ со околу 20 отсто. Резултатот во Мекленбург-Западна Померанија Мерц го нарече…
Цената на дизелот во Германија достигна нов рекорден максимум. Просечната цена по литар вчера беше 2,471 евра, надминувајќи го рекордот од 2,453 евра поставен само еден ден претходно. Полнењето резервоар од 50 литри сега чини 123,55 евра. Во исто време, бензинот стана малку поевтин, паѓајќи од 2,314 на 2,308 евра за литар. Причината за зголемувањето на цената е воената ескалација на Блискиот Исток и Персискиот Залив, што предизвика пораст на цените на суровата нафта. Снабдувањето е дополнително отежнато од дефекти и оштетувања на енергетските постројки. Автомобилскиот клуб АДАЦ проценува дека цената на нафтата и девизниот курс на еврото само делумно…
Паркот на Франкофонија од денеска до 20 септември ќе биде домаќин на второто издание на Street Food Picnic, тридневен настан кој ќе понуди добра храна, музика и содржини за целото семејство. Како што информира Општина Центар, годинашното издание е посветено на семејното дружење и заедничкото поминување време на отворено. Во опуштена пикник атмосфера, посетителите ќе можат да уживаат во разновидна гастрономска понуда, музичка програма и детски работилници со игра и креативни активности. Програмата денеска почнува во 17:00 часот и ќе трае до полноќ, додека во сабота и недела почнува во 12:00 часот и ќе трае до полноќ. Градоначалникот на Општина…
Доналд Трамп ѝ се закани на Европа со „строги тарифи или целосно прекинување на трговијата“ ако Европската унија одлучи да ја прифати Канада како придружен член. Неговата реакција доаѓа во време кога Канада се обидува да ги зајакне врските со Европа во услови на влошување на односите со Вашингтон. „Ќе воведам многу високи тарифи или целосно ќе ја прекинам трговијата со Европа“ Трамп им рече на новинарите во среда дека би можел да одговори на интеграцијата на Канада во ЕУ со воведување тарифи ако смета дека е непријателски настроена кон САД. Тој ја нарече идејата за придружено членство на Канада,…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочува со притисок од својата партија пред покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија и Берлин, а анкетите покажуваат пад на поддршката за неговата влада и сојузот ЦДУ/ЦСУ, објави „Политико“. Според нова анкета, националната популарност на Мерц паднала на 14 проценти, додека ЦДУ/ЦСУ ја поддржуваат 18 проценти од испитаниците. На прво место е крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) со поддршка од 29 проценти. AфД претходно освои најмногу гласови на покраинските избори во Саксонија-Анхалт, додека ЦДУ изгуби повеќе од половина од својата поддршка во споредба со претходните резултати. Мерц свика состанок на раководството на ЦДУ за в…
САД немаат право на вето врз геополитичките одлуки на ЕУ, изјави францускиот министер за европски прашања Бенжамен Адад. Неговата изјава беше дадена откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги зголеми царините за стоките од ЕУ поради одлуката на блокот да ја покани Канада да стане нивна прва придружна членка. „Ниту САД – ниту кој било друг – нема да ја одреди политичката и геополитичката насока на Европејците. Повторно повторувам – имаме односи со Канада и имаме намера да ги продлабочиме“, рече Хадад во интервју за телевизискиот канал „Паблик Сенат“. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен,…
Канадскиот премиер Марк Карни вчера ја поздрави идејата неговата земја да стане прва придружна членка на Европската Унија изразувајќи мислење дека Канада и ЕУ се „посилни заедно“, објавија француските медиуми. „Канада ја поздравува оваа амбиција и можам да ви кажам дека анкетите покажуваат оти огромно мнозинство Канаѓани поддржуваат многу поблиски врски со Европа“, изјави тој пред Европскиот парламент во Стразбур, каде што беше пречекан со продолжен аплауз.
Претседателката на ЕК го изјави ова денеска за време на својот годишен говор за состојбата на Унијата во Европскиот парламент во Стразбур, од каде што порача дека ЕУ сака итно да ги редефинира и да ги подигне на највисоко можно ниво односите со Канада. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја повика Канада да стане првата придружна членка на Европската Унија. Таа ова го изјави денеска за време на својот годишен говор за состојбата на Унијата во Европскиот парламент во Стразбур, од каде што порача дека Европската Унија сака итно да ги редефинира и да ги подигне на…













