Автор: Томислав Кежаровски

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека е оправдано да се контролираат и санкционираат евентуалните злоупотреби на боледувањата, но смета дека предложените решенија не се соодветен начин за тоа. „Една работа е да се контролираат малформациите во системот и да се санкционираат злоупотребите, ама овие измени што се носат немаат никаква врска. Боледувањето не е домашен притвор. Што ќе проверува полицијата, дали сте ја земале терапијата? Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на Фондот“, изјави Филипче. Предложените измени предвидуваат избраниот лекар, врз основа на медицинска проценка, да може да отвори боледување до пет дена без примена на утврдените…

Read More

Европската унија до 24 декември 2026 година треба да им овозможи на граѓаните најмалку еден сертифициран дигитален паричник за чување лични документи и други податоци. Досега системот е воведен само во три земји членки, иако подготовките се одвиваат низ целата Унија. Дигиталниот паричник ќе биде бесплатен, а корисниците во него ќе можат да чуваат национална лична карта, возачка дозвола, дипломи, податоци за здравствено осигурување и банкарски податоци.Една од главните предности е можноста граѓаните сами да избираат кои информации ќе ги споделат. На пример, при проверка на возраста ќе може да се потврди дека лицето е полнолетно без да се открие…

Read More

Средбата меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Њујорк беше спонтана и не беше однапред планирана, потврдија претставници на Европската комисија. „Тие се сретнаа случајно и накратко на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Тоа беше спонтана средба, еден од многу ретките вакви случаи, па затоа не мислам дека имаме што да додадеме за тоа освен она што веќе го кажав. Средбата беше многу кратка, спонтана и ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролката на ЕК, Аријана Подеста, на прес-конференцијата. Вучиќ објави на својот Инстаграм профил фотографија на која се ракува…

Read More

Пратеничката група на Левица до понеделник ќе почека на обновување на дијалогот за Изборниот законик, а доколку тоа не се случи најавува дека ќе поднесува измени на Изборниот законик. Координаторот на пратеничката група Борислав Крмов денеска на прес-конференција рече дека ќе почекаат да видат дали другите партии ќе се согласат за нов дијалог и каков ќе биде исходот од предлогот на министерот за правда Јетон Шасивари. Доколку нема разговори Левица, според Крмов, најнапред ќе поднесе предлог измени на Изборниот законик што би опфаќале укинување на платеното политичко рекламирање, а потоа и за една изборна единица и други предлози. Доколку не…

Read More

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, вечра имаше средба со лидерите од шесте земји од Западен Балкан, на која присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски. Според соопштението од Владата, на средбата биле разгледани актуелните регионални предизвици, можностите за понатамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен и безбеден регион. Забележливо е дека на средбата не присуствувал спрспкиот претседател Александар Вучиќ, туку министерот за надворешни работи, Марко Ѓуриќ. Од канцеларијата на Калас нема соопштение за што се разговарало, иако се подразбира за што била подготвена средбата, која беше најавена уште порано. Калас вчера објави дека се…

Read More

Уставниот суд на седницата одржана на 8 јули не донесе одлука во однос на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Изборниот законик, поднесена од Левица и партијата Демократи. Поради недоволно мнозинство гласови при гласањето, овој предмет останува отворен и во фаза на гласање „Уставниот суд треба да одговори на конкретно уставно прашање: дали е дозволено изборните правила селективно да создаваат нееднакви услови за политички натпревар. Одговорот на ова прашање нема да биде важен само за Левица, туку и за тоа какви правила ќе важат за секој политички субјект што утре ќе се најде во истата положба“, велат од…

Read More

Илјадници униформирани полицајци од Полициската управа на Њујорк (NYPD) беа распоредени во и околу седиштето на Обединетите нации за време на заседанието на Генералното собрание на ОН, а се ангажирани и специјализирани единици, изјави полициската комесарка Џесика Тиш. Таа додаде дека се очекуваат речиси 200 странски претставници да пристигнат во Њујорк оваа недела. Градоначалникот на Њујорк, Зоран Мамдани, изјави дека нема информации за специфични или веродостојни закани за Генералното собрание на ОН или градот, но дека нивото на безбедност е зголемено како мерка на претпазливост. Во однос на безбедноста, NYPD ќе соработува со Тајната служба на САД и Дипломатската безбедносна…

Read More

Американскиот долар се искачи на највисоко ниво во последните два месеца, додека еврото падна на најниско ниво од јули, под притисок на очекувањата дека Федералните резерви би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки. Доларскиот индекс достигна 100,66 поени, откако инвеститорите ги зголемија позициите во американската валута по сигналите од ФЕД дека инфлацијата и натаму останува ризик и дека е можно дополнително затегнување на монетарната политика. Истовремено, падот на цената на нафтата под 100 долари за барел донесе извесно олеснување на пазарите, но не беше доволен да го запре зајакнувањето на доларот. Посилниот долар дополнително го притисна еврото и другите…

Read More

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против З.М. (34) и А.Т.Г. (30), двајцата од општина Ново Село, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Според информациите од МВР, двајцата претходно се договориле да одгледуваат канабис на скриена парцела во местото „Матник“, во атарот на селото Секирник. По судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица, со поддршка од Регионалниот центар за гранични работи Исток, презеле повеќе мерки и истражни дејствија, при што биле обезбедени докази за нивната поврзаност со одгледувањето на канабисот. Двајцата биле приведени…

Read More

Претставници на Европската Унија ѝ порачаа на Украина да очекува напредок во донесувањето закони насочени кон ограничување на сивата економија, зголемување на даночните приходи и усогласување со законодавството на ЕУ пред да одобри дополнителна буџетска помош за Киев, објави Блумберг. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера во седиштето на Обединетите нации во Њујорк се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а извор запознаен со разговорите го опиша состанокот како „тензичен“. Украина побара помош од своите сојузници за покривање на неочекуван буџетски дефицит од околу 26 милијарди евра и ја повика ЕУ да го забрза плаќањето на заемот…

Read More