Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
- Цената на нафтата паѓа
- ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
- Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
- Италија го менува својот изборен систем
- Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
- „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
- УХМР со временска најава за продолжениот викенд
- Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Автор: Томислав Кежаровски
Со проекцијата на филмот „Сонцето изгрева над сите нас“ на режисерот Цаи Шангџун, денеска во Кинотеката на Северна Македонија ќе биде отворен Првиот фестивал на кинески филмови кој до 13 октомври ќе се одржува во Скопје, Битола, Куманово, Велес и Кочани. Фестивалот ќе понуди избор од современи кинески играни, документарни, анимирани и кратки филмови, а неговата цел е да ја доближи современата кинеска кинематографија до македонската публика преку приказни за семејството, личниот избор, секојдневниот живот, имагинацијата и традицијата. „Сонцето изгрева над сите нас“ годинава беше дел од официјалната конкуренција на Венецискиот филмски фестивал, каде актерката Син Жилеи ја освои наградата…
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година трае од 1 до 5 октомври 2026 година. Студентите кои ќе се пријават во овој период ќе може да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк од 1 ноември 2026 година. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата. Студентите кои ги исполнуваат условите,…
Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени. Според најавите од Управата з ахидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на стабилно време. Во текот денот ќе биде сончево и…
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра 1:1 против Црна Гора во Битола, во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. За новиот селектор Александар Таневски ова беше официјално деби на клупата на младата селекцијата. Македонските фудбалери првиот удар во рамките на голот го упатија во 40. минута, кога Николовски шутираше од далечина, но Миниќ без проблеми интервенираше. Само минута подоцна, голманот Џеков мораше да покаже одлична реакција. Зејковиќ упати незгоден удар, а македонскиот голман ја исфрли топката во корнер. Црна Гора сепак успеа да го отвори резултатот во финишот на првото полувреме. Вујовиќ со одличен потег со пета го…
Данскиот производител на накит „Пандора“ вчера отвори фабрика вредна 150 милиони долари во Хо Ши Мин, Виетнам – и тоа е нејзиниот најголем производствен погон, а прв вон Тајланд. Досега, „Пандора“ го вршеше целото производство во Тајланд, каде што управува со три фабрики. Минатата година компанијата продаде 112 милиони парчиња накит. Фабриката, којашто е четврта производна локација на компанијата во светот, ќе го зголеми вкупниот производствен капацитет на „Пандора“ за приближно 50 отсто – штом ќе почне целосно со работа, се очекува да вработи 7.000 работници и да произведува до 60 милиони парчиња накит годишно. Извршната директорка на компанијата, Берта де…
Технолошкиот магнат, Илон Маск, ќе има водечка улога во новиот проект на Пентагон за истражување на иднината на војувањето, соопшти синоќа американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет. Обраќајќи се пред воениот персонал во базата на маринскиот корпус „Квантико“ во Вирџинија, Хегсет рече дека Маск ќе биде еден од раководителите на иницијативата, позната како „Проект Меридијан“. „Проектот има за цел креативно да се согледа иднината и да се идентификуваат областите што мора да ги освоиме и способностите што мора да ги усвоиме“, посочи Хегсет. Министерот за одбрана се осврна и на автономното војување, односно употребата на оружени системи и вештачка интелигенција…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на заедничка прес-конференција во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија напорно работела за да ги постигне европските стандарди. „Албанската влада и Албанија напорно работевте за да ги постигнете европските стандарди. Албанија повторно постигна фантастичен напредок, го отворивте последниот кластер, а во јули ги затворивте првите три поглавја. Ги уверувам Албанците: членството не само што ќе ја направи Албанија посилна, туку ќе ја направи и Европската Унија посилна“, рече таа. Фон дер Лајен нагласи дека патот до членство бара континуирано спроведување на фундаментални реформи во сите отворени поглавја, вклучително и…
Пораки од бројот 112 за ограничување на движењата поради невремето што рано утрово го зафати Крит добија жителите на неколку населени места во северниот дел на островот, додека пак силниот ветер предизвика проблеми во бродскиот сообраќај во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Островот Крит, со одлука на Генералниот секретаријат за цивилна заштита од синоќа до недела е ставен во состојба на мобилизација „Црвен код“ („Red Code“), поради најавите за невреме и високата опасност од поплави. Според информациите од противпожарната служба на Грција од силниот дожд погодени се регионалните единици Ираклио и Ласити, а голем број пожарникари се на…
Глечерите на Швајцарските Алпи имаа „катастрофална“ година поради интензивните горештини и слабите врнежи на снег, соопштија денеска научниците, пренесе ДПА: Мрежата за мониторинг на швајцарските глечери (GLAMOS) соопшти дека волуменот на глечерите оваа година се намалил за повеќе од 5 проценти, што е втора најголема загуба на волумен од 1950 година наваму. „Интензивните топлотни бранови од мај до септември, во комбинација со зима со малку снег, доведоа до уште една катастрофална година за глечерите“, соопшти GLAMOS. Во последните пет години, волуменот на мразот во Швајцарија се намалил за речиси 20 проценти, наведува организацијата. Дебелината на снежната покривка во текот на…
Кога и да дојдам на овој простор чувствувам некоја чудна младешка енергија. Вие бевте и за мене останувате бунтовници со причина, а јас на пати се обидувам да ве имитирам, глумејќи политичарка, која се уште има нешто бунтовно во себе и никогаш нема да го заборави најубавиот дел во животот, им порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на студентите во својот говор на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со кој почнува новата академска 2026/2027. -Сè уште верувам дека политиката може да се заузда со правото и дека на овој чуден свет му треба идеализам. Право,…













