Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
- Цената на нафтата паѓа
- ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
- Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
- Италија го менува својот изборен систем
- Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
- „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
- УХМР со временска најава за продолжениот викенд
- Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Автор: Томислав Кежаровски
Македон Димитровски, уметникот и дизајнер Сатја Грабул и научникот д-р Ѓорѓи Петрушевски се главните ликови во новиот видеоспот на „Алкалоид“, кој преку современ визуелен пристап ги поврзува овие три различни приказни во заедничка целина, ставајќи го во фокусот македонскиот интелектуален и креативен потенцијал. Во основата на новиот видеоспот на „Алкалоид“ се знаењето, креативноста и љубопитноста, вредности што на различен начин се препознаваат во приказните на тројцата протагонисти поврзани со иста движечка сила: желбата да се открива, храброста да се создава и стремежот да се оди чекор понатаму. Македон Димитровски, иако има само 12 години, зад себе веќе има повеќегодишни успеси…
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во четврток утрото ќе биде постудено, а во текот на денот ќе преовладува…
Привременото одложување на БСЖ-вакцинацијата во Македонија е мерка на претпазливост по информациите од Хрватска за четири сомнителни случаи на ретко воспаление на коските кај деца, објаснува професорот по епидемиологија и биостатистика Драган Даниловски. Според него, во Хрватска во текот на 2026 година биле пријавени четири случаи на БСЖ-остеитис или остеомиелитис кај деца вакцинирани во 2024 и почетокот на 2025 година. Иако станува збор за позната, но исклучително ретка несакана реакција на БСЖ-вакцината, загриженоста произлегла од тоа што во претходните десетина години во Хрватска не бил регистриран ниту еден таков случај. Даниловски посочува дека појавата на четири сомневања во релативно краток…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ бара од Јавното обвинителство да го повика на информативен разговор лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, во врска со обвинувања за наводен скандал тежок 37 милиони евра, поврзан со периодот кога неговата сопартијка Славјанка Петровска беше министерка за одбрана. Од владејачката партија, како и претходно, и денеска го повикаа Филипче да не молчи и доколку навистина се залага за европски вредности и за борба против корупцијата, да каже од кога знаел и зошто за овие наводи не зборувал порано. „Ако располагал со вакви информации, зошто не ги доставил до надлежните институции? Дали станува збор…
„Се случува тоа што СДСМ и претседателот Филипче предупредија. Владата на арамијата Мицкоски не може да ја заврши годината без нови задолжувања. На седница одржана на 29 септември Владата на Мицкоски одобрила ново задолжување до 250 милиони евра преку издавање должнички хартии од вредност на меѓународниот финансиски пазар. Парите се за буџетска поддршка“ соопштија денеска од СДСМ. Велат „ново задолжување од 250 милиони евра до крајот на годинава. А во 2026 година веќе нема доспеани долгови за враќање. Ова не е за враќање долгови туку за пензии и плати затоа што нема пари во Буџетот, и секако за криминални тендери.…
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека пензискиот систем е стабилен и дека пензионерите немаат причина за загриженост. „Ние во моментот имаме стабилен пензиски систем и во таа насока ќе продолжиме и во иднина. Не треба апсолутно никој да се грижи“, изјави Мицкоски. Тој рече дека директорот на Пензискиот фонд може да има сопствен став, но дека Владата не мора секогаш да се согласува со ставовите на сите функционери во институциите. „Владата и јас лично цениме дека состојбата е апсолутно стабилна и сигурна и не треба да се грижат пензионерите“, рече Мицкоски. Премиерот повтори дека Владата ги зголемила пензиите и најави дека…
СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски со својата реторика однапред ја поткопува најавената средба со Бугарија и создава атмосфера во која разговорите би можеле да пропаднат уште пред да почнат. Андреј Жерновски денеска изјави дека пораките на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен при посетата на Скопје покажале дека македонскиот јазик, идентитет и култура не се загрозени, како што, според него, со години тврдел Мицкоски. „Урсула Фон дер Лајен потврди, многу отворено, дека се зачувани, забетонирани, обезбедени и македонскиот јазик, и македонската култура, и македонскиот идентитет „На маса се реформите, соработката со Европското обвинителство и промените на Уставот.…
ЕК денеска ќе објави четири патокази – за Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, како земји што постигнале значителен напредок во реформите и процесот на пристапување во последните години. Kомисијата треба да усвои документ за влијанието на идното проширување врз политиките, буџетот и институциите на ЕУ, како и врз заштитата на европските вредности и владеењето на правото. Предлогот за политика пред проширувањето треба да ги смири стравувањата на сегашните членки дека процесот негативно ќе влијае на нивниот бизнис и дека новите членки би можеле да го искористат ветото за да ги блокираат одлуките на ЕУ. Исто така, треба да обезбеди…
Вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – август годинава, изнесува 5 738.7 милиони евра и бележи пораст од 8.7 % во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 8 153.8 милиони евра, што е за 7.9 % повеќе во споредба со истиот период од 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика. Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени: нафтените…
Цените на нафтата на светските берзи денеска бележат благо зголемување, додека инвеститорите внимателно ги следат случувањата на Блискиот Исток и состојбата со снабдувањето. Фјучерсите на брент нафтата утрово се тргуваат околу100,6 долари за барел, додека американскиот WTI е на околу 89,7 долари за барел. И двата главни репери бележат раст од околу 0,3 отсто. Пазарот останува чувствителен на ризиците поврзани со транспортот на нафтата низ регионот на Персискиот Залив, особено поради новите напади врз танкери во близина на Ормускиот Теснец. Од друга страна, зголемените извозни количини од земјите од Заливот и најавеното ослободување на резерви од земјите на Г7 ги намалуваат стравувањата од недостиг на…












