CROBEX 10 се искачи на највисокото ниво од крајот на април 2013 година. Индексот за Загребската берза во четвртокот попладнето ја премина границата од 1900 поени после речиси две години.
Зајакнувајќи 1,1 отсто, CROBEX 10 денот го заврши на 1914 поени што е вредност која статистиката последен пат ја забележала на 7 октомври 2014 година. Уште подобар резултат остварил потесниот индекс на CROBEX 10 кој порасна за 1,2 и застана на 1118 поени. Со тоа го достигна највисокото ниво од крајот на април 2013-та.
Со растот од четвртокот индексите на Загребската берза ја продолжија позитивната серија петти ден по ред. Редовниот промет е речиси 13 милиони куни.
Милионски промет оствариле три акции, акциите на ХТ, на Империал и на Валамар Ривиера.
АКТУЕЛНО
- Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
- Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
- Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
- „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
- ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
- Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
- ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
- Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари







