Телевизија „Нова“ на бизнисмен Сеад Кочан, обвинетиот од СЈО, и официјално оди во стечај. Решението под број 1 СТ-137/18 од 22 јуни го објави денеска Основниот суд во Скопје, преку судијата Ирена Петришеска.
За стечаен управник е назначена Христина Јоновска од Скопје.
Доверителите треба во рок од 15 дена да ги пријават побарувањата од стечајниот управник.
Првото рочиште за испитување на побарувањата и извештаите од собранието на доверители ќе се одржи на 28 септември.







