Ракометарите на Алкалоид забележаа убедлива победа во првиот натпревар од 1/16 финалето од ЕХФ Европскиот куп.
Вчера вечерта во „Автокоманда“ во Скопје, македонскиот тим славеше победа со 32:23 против словенечкиот претставник Горење.
Реваншот во Словенија ќе се игра следниот викенд.
Пласман во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп вечерва обезбеди ГРК Охрид по втората победа над Драгунас Клаипеда од Литванија.
Фото: МИА







