Најголемиот дневен весник на унгарската опозиција, „Непсабадшаг“, од денес не излегува што предизвика загриженост за слободата на печатот во владеењето на Виктор Орбан.
Социјалистичката опозиција запирањето на печатењето на весникот и затворањето на неговите страници на интернет го нарече „црн ден за печатот“ и повика на демонстрации.
Групацијата „Медиаворкс“ во соопштението кое го пренесе агенцијата МТИ наведува дека издавањето на весникот е запрено од економски причини, времено, „до утврдување и спроведување на нов концепт“.
Настанат пред шеесет години, „Непсабадшаг“, што во превод значи „Слободен народ“, имаше најголем тираж во Унгарија и остро ги критикуваше премиерот и неговата политика против мигрантите.
Од доаѓањето на власт во 2010 година, Виктор Орбан често беше обвинуван дека се обидува да ги користи медиумите за себе, а многу медиуми во овој период беа превземени од бизнисмени блиски на владата, велат неговите критичари.
Пред референдумот во Унгарија, минатата недела, за распределба на бегалците во ЕУ, „Непсабадшаг“ објави неколку статии за скандали за политичари блиски на Орбан.
На улиците на Будимпешта почна протест. Насобраниот народ извикува пароли против владата и против затворањето на весникот како поддршка на новинарите.









