Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Итна ревизија на истрагата за Смилковско езеро!
Мислење

Итна ревизија на истрагата за Смилковско езеро!

октомври 8, 2017Updated:октомври 8, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од она што сум го видела во медиумите за најцрната криминалистичка дамка на Македонија, Црниот Велики Четврток (12 април 2012), на Смилковското Езеро, од сето што сум го прочитала од записниците од мониторингот што го води Хелсиншкиот комитет, од долгометражните разговори со адвокатот Насер Рауфи и блискиот роднина на двајца обвинети, Бедри Ајдари, дури и без да направам детална истрага на постоечките докази единствено што можам да заклучам е дека Врховниот суд треба да го врати предметот на повторно судење, а притоа да побара независни експерти (вешти лица) да спроведат итна ревизија на истрагата на местото на настанот, нова форензичка анализа на доказите што се во депото на МВР, посебно на автомобилот „опел – омега“, и сериозна реконструкција на овој сериозен настан во кој имаше петмина загинати и на кого беше залепена етикета – ТЕТОРИЗАМ.

Врховниот суд мора да го врати предметот на повторно судење со укажување на пропустите во истрагата ако сакаме да воспоставиме правда во ова бесправно дувло – Македонија.

Само гледајќи ја сликата на инкриминираниот „опел – омега“, која излезе во медиумите, јас ги смислив прашањата врзани со автомобилот, на кои мора да се даде еднозначен одговор:

1. Колкаво количество ДНК од еден од обвинетите било најдено на едниот од потпирачите за глава во „опелот“? И кој е другиот состав на брисот од тоа место? Дали има пот и себум, или е плукна?

Еве зошто ве прашувам: Од секој од нас теоретски може да се земе дури и само една молекула ДНК за потоа таа да се размножи на илјадници во текот на 24 часа. Да не објаснувам дека при пиење од чаша или филџан од кафуле се оставаат изобилство ДНК молекули. Оваа една молекула може да се реплицира (размножи) во многу молекули со постапката PCR (полимераза верижна реакција) која во Македонија ја имаат повеќе лаборатории. Потоа, размножената ДНК може лесно и да се подметнува наваму-натаму за да се намести човек во кривично дело по желба. Ако немало пот/себум заедно со ДНК-та, тогаш е сомнително. Ако немало хемиски траги од плунка, туку е чиста ДНК во изобилство, тогаш и тоа е сомнително.

2. На сликата на „омегата“ убаво се гледаат млазови од кал по шасијата што потекнува од тркала што биле во каллива почва. Можеби е веќе направено, јас не знам. Сепак сметам дека таа кал треба да соодветствува, по состав, на почвата, точно од местото на несреќната погибија на петтемина – Смилковското езеро.

3. На ветробранското стакло има висулка закачена со вакуумска лепенка. Овие пред да се залепат обично се лижат. Чија ДНК е заробена помеѓу шофершајбната и вакуумската закачалка? Имаме ли профил?

4. Бидејќи, наводно, не се најдени отпечатоци од прсти, тогаш треба да се уловат повеќе локации со ДНК. Дали е побарано да се подигне ДНК од кај резервоарот за бензин (капачето), можеби „корисниците“ на автомобилот полнеле бензин ден претходно па биле немарни и оставиле некоја своја трага за да ги идентификуваме? Истото може да се каже и за регистарските таблички. Можеби биле сменувани денови претходно, со голи раце, па може да ги има по опачината од таблицата која, да претпоставиме, подоцна била пребришана.

5. Дали обвинителство направило обид да добие фотографија од сателитот на Google за местото на Смилковскиот масакар и локацијата на „опелот – омега“. Постои можност да се најдат некои траги. Ако ништо друго, ќе се најде дали „опелот“ бил таму и пред тоа? Досега со сателитот на Гугл биле случајно откриени неколку убиства  како, на пример,  во Холандија.

http://www.dailymail.co.uk/news/article-2308503/Caught-red-handed-Google-Earth-Has-satellite-image-captured-crime-taking-place-Holland.html 

6. Дали некој се обиде да направи анализа на телекомуникациите на оние политичари за кои се шпекулира дека се инволвирани во убиството? Ако се следи сообраќајот на оние за кои постои допрен глас со шекулации, тогаш ОЈО требаше до сега да истражи од кого и од каде се слевале мобилни повиците во моментот на убиството и во критичните денови, пред и потоа. Дали имаат шортлистинг на сомнителни комуникации, затоа што нарачателот, секако, во моментот кога била „завршена работата“ би требало да добие повик од сомнителен број кој ќе му соопшти дека „Работата е завршена“. Имаме ли такви повици до нарачателот за кој се шират шпекулации што звучат доста разумно, познавајќи ги сите негови семејни околности?

Овде ќе застанам. Еден ден се надевам дека ќе проговорат сите други докази, дека ќе се разнишаат евентуалните лажни заштитени сведоци и дека ќе се ослободат евентуално невините, а ќе се најдат сторителите и ќе се осудат на СМРТ (знам, знам, немаме смртна казна, но за овој вид кривични дела – убиства на деца и местење на невини луѓе, мислам дека треба да ја вратат назад). Конечно, не велам дека овие не се убијците, велам само дека тоа треба да се докаже низ научно базирани форензички докази.

ЗА ДА БИДАТ ОГЛАСЕНИ ЗА ВИНОВНИ ОСУДЕНИТЕ ВО СЛУЧАЈОТ „МОНСТРУМИ“ ТРЕБА НЕДВОЈБЕНО ДА СЕ ПОВРЗАТ СО ДЕЛОТО И СО МЕСТОТО НА НАСТАНОТ. ЗГОРА НА СЕ, ТРЕБА ДА ИМ СЕ НАЈДЕ И МОТИВОТ.

ПОВЕЛЕТЕ, ДОКАЖЕТЕ… ЗА ДА И НА НАС ГРАЃАНИТЕ, ВО УЛОГА НА ПОРОТНИЦИ, НЕ УБЕДИТЕ ВО НИВНАТА ВИНА!!! 

днк омега опел отпечаток плунка смилковско езеро тероризам
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Тероризмот нема место во Грција“: Мицотакис по нападот во Солун

јули 2, 2026

Поларните мечки користат „гени за брзо препишување на својата ДНК“ за да го преживеат топењето на глечерите

декември 21, 2025

„Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

јули 17, 2025
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.