Од четири репрезентации кои во историјата освојувале титули светски шампион, една после првиот натпревар од четвртфиналето ќе мора да ги пакува куферите. Натпреварот Франција-Уругвај што се игра од 16 часот на стадионот во Нижњи Новгород можеби не претставува светска фудбалска класика, но привлекува големо внимание првенствено поради фактот дека „триколорите“ го имаа незадржливиот Килијан Мбапе, а Уругвајците добриот Луис Суарез.
И едните и другите гаат позитивни традиции, од кои една ќе мора да ги прекине. Французите не доживеале пораз во претходните девет натпревари против јужноамериканските репрезентации, додека Уругвај само еднаш на шест учества во четвртфиналињата на Светските првенства обезбедил премин во полуфиналето.
Дуелот во Нижњи Новогород претставува и дуел на големи пријатели, затоа што едни спроти други ќе се најдат клубските другари од мадридски Атлетико, Годин и Хименез против Гризман и Ернандез, како и соиграчите од ПСЖ, Кавани и Мбапе.
Најголема главоболка на селекторот Оскар Табарез претставува повредата на мускулот на Едисон Кавани, кои според последните прогнози има минимални изгледи да го почне натпреварот.
„Ќе биде посебно чувство да се игра против пријателите од Атлетико. Со Диего Годин, на пример, во Мадрид делам и добро и зло, на теренот и надвор од него. Ќе биде тоа средба со полно емоции на двете страни“, ече Антоан Гризман во најавата на натпреварот.
Двата тима четвртфиналниот дуел на Мундијалот го дочекуваат без пораз, со тоа што одбраната на Уругвај е далеку поцврста. На изминатите четири натпревари Уругвајците примија само еден гол, и тоа од Португалија во осминафиналето.
Уругвај – Франција
Стадион: „Нижњи“. Почеток: 16 часот. Судија: Нестор Питана (Аргентина)
Состави:
Уругвај: Муслера, Касерес, Хименез, Годин, Лаксалт, Нандез, Тореира, Весино, Бенактур, Суарез и Стуани (Кавани).
Франција: Љорис, Павар, Варан, Умтити, Ернандез, Канте, Погба, Мбапе, Гризман, Толисо и Жиру.







