Парламентарното мнозинство нема да дозволи никој да си поигрува со граѓаните. Тие дадоа мандат за нова реформска Влада. Имаме план и стратегија, посветено работиме на планот, но не можеме да го кажеме пред јавноста. Со нашето трпение работиме да се избегне конфликт кој го посакуваат другите, изјави Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ.
Тој најави дека секој ден е можен изборот на претседател на Собрание, така што СДСМ и партиите на Албанците ќе бидат поблиску до формирање на Влада, и веднаш потоа да се закажат локалните избори.
Љупчо Николовски не негираше дека Зоран Заев и Али Ахмети имаат средби како и до сега на новото парламентарно мнозинство и дека ќе се среќаваат и понатака.
Новата реформска Влада ќе ги исплати субвенциите на земјоделците и дека нема оправдување за тоа што го направиле Цветков, Миновски, и Златков на чело со Груевски.
Новата влада ќе ги зголеми субвенциите и дека тие не се партиска туку државна мерка рече Николовски.







