Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Отворена Летна школа по мајчин јазик
Градови

Отворена Летна школа по мајчин јазик

јули 27, 2018Updated:јули 27, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Десеттата Летна школа за изучување мајчин јазик, проект на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, отворена е вчера во просториите на Конгресниот центар во Охрид.

Како што соопштија од Кабинетот на министерот за дијаспора денеска, на оваа школа учествуваат 45 деца на иселеници од Македонија, кои доаѓаат од повеќе земји од регионот и Европа. Покрај изучување на јазикот на нивните родители, преку најразлични забавни и едукативни активности, децата на иселениците ќе имаат можност да се запознаат и да ги научат историја, традиција, култура и јазик на Република Македонија.

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, посочи дека овој проект на Агенцијата е од клучно значење за промоцијата на земјата во делот на историја, традиција, култура и јазик, воедно и во намалувањето на се поголемиот број на најмладата популација на иселеници кои не го познаваат јазикот на родителите, а со тоа и поттикнување на чувството за припадност кон државата на потеклото, Република Македонија.

Тој најавил дека и во иднина ќе продолжат со давање поддршка кон сите иселеници и иселенички организации без разлика на етничката, половата и религиозната припадност, кои се залагаат за промоција на македонската историја, традиција, култура и јазик, посочи директорот во своето обраќање.

„Агенцијата за иселеништво на Република Македонија во своето работење, при остварувањето на своите работни задачи и реализација на веќе постоечките проекти, соработува со Кабинетот на министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми. Заедничкото работење на двете институции овозможува подобро и поуспешно имплементирање на политиките коишто имаат за цел реализација на потребите, целите и интересите на иселениците од земјата, истакна Шалвариновски.

На отворањето на јубилејната 10. Летна школа се обрати и министерот задолжен за дијаспора Адеми, кој нагласи дека оваа веќе традиционална манифестација претставува многу битна институционална државна активност во однос на поврзувањето меѓу државата и најмладите генерации иселеници по потекло од Македонија. Најави дека школата во наредните години ќе продолжи и со други културни и образовни содржини, со цел да ја зајакне свеста кај помладите генерации на нашите иселеници во светот за нивното потекло во сите области од витален интерес и тоа, пред се, за нивниот национален и културен идентитет од земјата на нивното потекло.

„Не, не се плашиме да кажеме дека мајчин јазик е македонскиот јазик, дека мајчин јазик е албанскиот јазик,…или кој било друг јазик, бидејќи мајчин јазик е мајчин јазик, на кој било и да е јазик, посочи министерот задолжен за дијаспора Адем, стои во соопштението.

Основната мисија на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија е поттикнување, помагање и одржување на националниот идентитет кај иселениците, преку негување на мајчиниот јазик, културата и традиционалните вредности на иселениците во средините каде што живеат.

агенција иселеништво летна школа македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026

УХМР со временска најава за продолжениот викенд

октомври 8, 2026

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

октомври 7, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.