Мџид Ел Гераб, пратеник од партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, вчера е обвинет за предизвикување насилен инцидент во Париз во кој е повреден социјалистот Борис Фор.
Ел Гареб (34) се товари за насилство со употреба на оружје затоа што во средата два пати го удрил Фор со кацига за мотоциклисти.
АФП потсетува дека тие двајца се во судир со месеци, откако Ел Гареб ја напуштил Социјалистичката партија и и се придружил на Републиката во движење чиј претседател е Макрон.
Фор го обвинува Ел Гераб за „политички опортунизам“.

Извор, очевидец на настанот, изјавил дека до насилството дошло откако Фор, наводно, го нарекол Ел Гераб, пратеникот којшто ги претставува француските државјани кои живеат на северот и западот на Африка, „валкан Арапин“.
Тие двајца меѓусебно се обвинуваат за предизвикување на нападот во средата.
Ел Гераб се наоѓа под правосудна контрола која вклучува забрана да стапи во контакт со Фор.
Фор бил итно опериран после инцидентот и вчера пуштен од болницата, изјавил неговиот адвокат Патрик Клугман.
АФП во четвртокот успеа да стапи во контакт со Ел Гераб, кој им признал дека бил насилен истакнувајќи дека жали затоа што „подлегнал на провокациите“.
Овој случај би можел да го чини Ел Гераб членство во партијата на Макрон.
Ел Гераб во петокот објави дека ќе паузира со вршењето на своите должности.







