Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Растот во Г-20 и догодина ќе помине над три отсто
Анализи

Растот во Г-20 и догодина ќе помине над три отсто

септември 1, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Групата дваесетте најразвиени и економии во развој Г-20 оваа и следната година ќе постигнат раст на активностите нешто над три отсто, објави агенцијата Модис (Moody’s), потврдувајќи ја така својата поранешна прогноза, но предупредува на геополитичките ризици, американскиот протекционизам и можните последици на заострување на монетарната политика.

Поради неочекувано силните податоци за првата половина од годината, таа рејтинг агенција ја зголеми прогнозата на кинескиот економски раст во оваа година, од 6,6 на 6,8 отсто. Подигнати се и проценките на јужнокорејскиот раст, од 2,5 на 2,8 отсто и на јапонскиот од 1,1 на 1,5 отсто.

Во Модис, исто така, очекуваат дека активностите во еврозоната во преостанатиот дел од годината ќе се забрзаат, повикувајќи се на силни показатели на расположението. Агенцијата ги зголеми проценките за Германија, Франција и Италија.

Овогодишната прогноза за САД, пак, е намалена од 2,4 на 2,2 отсто, а таа за идната година од 2,5 на 2,3 отсто, со аргумент за неочекувано слаб резултат во првата половина на годината и поскромен пресметковен буџет отколку што се очекуваше.

„Ситуацијата со ризиците е поповолна отколку што беше на почетокот на годината“, констатираат во Модис.

„Предупредуваме сепак на ризици од непредвидени случувања поврзани за судири на Корејскиот полуостров, Јужното кинеско море и Блискиот исток. Пробното испалување на проектили во Северна Кореја, заострување на агресивната реторика на двете страни и тврдиот став на кабинетот на Трамп го зајакнаа ризикот од судири на Корејскиот полуостров“, додаваат.

Укажуваат и на обновениот замав за настојувањата да се решат билатералните трговски прашања кои кабинетот на Доналд Трамп ги окарактеризира како неправедна трговска пракса. Евентуалното воведување на опсежни мерки би можело да му наштети на растот, предупредуваат од Модис.

Што се однесува до пазарите, укажуваат на ризици од засилени осцилации поради зголемените цени на недвижност во однос на долгорочниот просек и општите очекувања на инвеститорите дека каматните стапки ќе останат ниски и покрај пораките од Американската централна банка и Европската централна банка дека се подготвуваат за постепено укинување на неконвенционалните монетарни поттикнувања.

Во Модис оценуваат дека кинеската економија се повеќе се потпира на ново задолжување поради поттикнување на растот. Во мај, агенцијата го намали кредитниот рејтинг на Кина на А1, предвидувајќи слабеење на финансиската сила на економијата во следните години.

Благо ја намалија прогнозата и на индискиот економски раст, на 7,1 отсто, потсетувајќи дека минатогодишното повлекување од оптек на банкнотите од 500 и 1000 рупии посебно тешко ги погоди индустриските и градежните компании, и тоа во период од повеќе месеци. Сепак, очекуваат дека следните месеци влијанието на тој потег ќе ослаби.

банка Г20 германија Доналд Трамп економија раст САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Извозот и увозот растат, – најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

октомври 6, 2026

Растот на доларот ке се одрзаи на цената на нафтата

септември 23, 2026

САД немаат право на вето врз геополитичките одлуки на ЕУ, вели Франција

септември 18, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.