Новава Година ни го донесе најголемиот Милионер Џек Пот во Македонија вреден 1.791.299 денари. Штипјанецот Трајче Иванов е 177 сопственик на вредната награда на Државна видеолотарија. Најпосакуваната добивка тој ја освои на 14.01.2019 во Клуб Спорт 77 Евротип во Штип.
Сѐ уште во еуфорија од среќниот миг, но секако расположен заради убавата добивка, со нас ја сподели својата среќна приказна. Новата година за Трајче почнува и повеќе од убаво. Тој е редовен играч на видеолотариските терминали на Државна видеолотарија на РМ. Досега неколкупати освојувал добивки, но тоа биле помали износи.
Милионер џек пот добивката ја посакувал, но кога се случила, вистински го изненадила. Во првиот момент кога терминалот го извадил добитниот ваучер вреден 1.791.299 денари, Трајче збунет, го земал и излегол надвор. Среќниот момент го споделил со пријател, со кого потоа се вратиле на среќното место.
Освоените пари веќе прецизно испланирал како ќе ги потроши. Планира да ги врати своите долгови, а потоа да купи автомобил или мотор.
Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија на Македонија ги стартуваше на 1 јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 177 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 263.859.957 денари.
Покрај нив, освоени се и 29.265 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 176.272.598 денари. Мини џек пот добивките се во вредност од четири до пет илјади денари, додека најпосакуваната Милионер џек пот добивка е вредна од 1,2 до 1,8 милиони денари.







