Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Турското кафе регистрирано во ЕУ како „гарантиран традиционален продукт“
Автор

Турското кафе регистрирано во ЕУ како „гарантиран традиционален продукт“

ноември 19, 2025Updated:ноември 19, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Една од најпознатите традиции на Туркије, турското кафе, неодамна беше официјално регистрирано од Европската унија како „традиционален производ“, со што доби уште една потврда на глобално ниво. Ова следува откако во 2013 година турското кафе беше внесено на Листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО, а денот кога го доби тоа признание, 5 декември, официјално се прославува како Светски ден на турското кафе. Со богат мирис и длабок вкус, уникатна подготовка и начин на послужување, турското кафе се смета за задолжително за секој посетител на земјата, а за секоја голтка се вели дека раскажува посебна приказна.

Историјата на турското кафе е долга повеќе од 500 години. Во османлиските земји било донесено преку Јемен во 16 век, успевајќи брзо да ги придобие граѓаните, а се отвориле и првите кафулиња, во кои пиејќи кафе, се воделе сериозни разговори. Набргу турското кафе ги „освоило“ и домовите, претворајќи се во омилена турска традиција. Потоа трговците почнале да го извезуваат, носејќи го во Европа и регионот, каде станува ритуал на поврзување и во семејствата, и меѓу пријателите. Првично се служело после оброците, но потоа станало дел и од веридби, празнични собири и верски прослави, а растот на неговата популарност ја создало поговорката дека „Еден филџан кафе обврзува на 40 години пријателство“.

Најстарите начини на кои своевремено се подготвувало кафето, се користат и денеска, и се сметаат за дел од одржливото кулинарско наследство на Турција. Фино мелените печени зрна кафе се комбинираат со ладна вода и со шеќер зависно од вкусовите, и се вари во ѓезве додека не зоврие и се создаде пена. Во земјата консумирањето кафе се смета за мирно уживање, а посетителите секогаш имаат избор дали ќе им биде подготвено без шеќер, благо засладено, средно или слатко. И начинот на послужување е специфичен – во мали порцелански филџани, со вода и парче локум, сосема спротивно од модерните кафиња кои се купуваат и пијат од хартиени чаши.

Во различните региони на Турција можат да се сретнат различни интерпретации на ова кафе. На Егејското крајбрежје се служи кафе благо ароматизирано со мастика, во Газиантеп специјалитет е „мененгиќ“ кафето, направено од зрната на дрвото Pistacia terebinthus, кое исто има регистрирано географска ознака од ЕУ. Во Шанлиурфа и Мардин, пак, се нуди „мирра“, посилно и поинтензивно кафе. На многу места турското кафе се служи со баклава или локум. И за крај, талогот кој останува во шолјата може да се користи и за гатање, традиција која е позната како тасеографија

ЕУ Кафе продукт традиционален турско
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Фон дер Лајен се очекува да ги претстави реформите пред проширувањето на ЕУ

октомври 6, 2026

Политико: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија забрзано влегуваат во ЕУ

септември 28, 2026

ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон

септември 24, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.