Леброн Џејмс сака свој НБА клуб

Еден од најдобрите светски кошаркари Леброн Џејмс изјави денеска дека сака да поседува НБА франшиза, откако стана партнер на Fenway Sports Group (FSG) во чија сопственост се, меѓу другите. безбол клубот Бостон Ред сокс и англискиот фудбалски гигант Ливерпул.

„Мојата цел е да поседувам НБА клуб“, порача Џејмс.

„Морам толку многу да и дадам на кошарката. Знам што е потребно за победа на ова ниво, имам талент и знам, исто така, да ја водам работата. Тоа е мојата цел. Целта ми е да поседувам НБА франшиза, а знаете дека тоа ќе биде порано или подоцна“, истакна кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс.

Американските медиуми јавија дека Џејмс го продолжил партнерскиот договор со FSG, добивајќи сопственички удел во Бостон Ред сокс и Ливерпул.

Џејмс веќе беше сопственик на два отсто од акциите во актуелниот англиски фудбалски првак.