Ле Пен: Ќе организирам референдум за излез од ЕУ

Лидерот на француската десничарска партија Национален фронт, Марин Ле пен порача дека, ако победи на претседателските избори во Франција следната година, ќе организира референдум за излегување на таа земја од Европската унија во рок од шест месеци.

Ако Франција ја напушти Унијата, таа ќе се распадне, смета Ле Пен.

„Што се однесува до ЕУ, им реков на Французите дека, ако ме одберат, веднаш ќе одам во Брисел за да ги започнам преговорите за враќање на нашиот суверенитет. Во рок од половина година после мојот избор, ќе организирам референдум, изјави Ле Пен.

Лидерот на Националниот фронт додаде декА Франција „мора“ да ја напушти ЕУ ако Унијата не почне да прави отстапки, и преговорите со Брисел не успеат.

Порача и дека ќе ги укине санкциите за Русија затоа што, како што вели, тие се неправедни, неефикасни и и штетат на економијата на Франција.

Претседателските избори во Франција ќе бидат одржани следната година на пролет.

Според резултатите од анкетите, најголеми шанси за влез во вториот круг имаат Ле Пен и поранешниот француски премиер и кандидат на конзервативците Франсоа Фијон.