Новогодишната неумесна шега анонимно да пријави во полиција дека на некогашниот воен полигон Ралско на северот на Чешка ќе експлодира подметната бомба ќе ја памети долго еден чешки државјанин, затоа што толку бил пијан што продолжил да си муабети со полицијата и на крај најљубезно им се претставил со целото име и презиме.
Набрзо откако часовникот ја означил новата 2017 година, 34 маж од местото Ралско-Плоужњице повикал полиција и анонимно пријавил дека во неговото место ќе експлодира бомба.
„Со полицаецот продолжил да разговара. Во текот на разговорот се претставил со полно име и презиме и полицајците благодарение на тоа го проначле во еден од локалните ресторани. Веднаш признал дека тој кренал тревога и дека нема никаква бомба“, изјави портпаролот на локалната телевизија Ивана Балакова.
Наместо да ја продолжи прославата заврши на трезнење во соседниот град Либерец, а полицијата деновиве ќе реши дали воопшто ќе му поднесе пријава затоа шро немало евакуација, а на терен не излегле ниту пиротехничари.
Премногу алкохол во празничните денови предизвика и сериозна лажна тревога заради која во понеделникот итно беше запрен во Бероун крај Прага меѓународниот воз „Франц Кафка“ којшто сообраќа од Прага за Минхен, евакуирани 254 патници, а багажот и возот неколку часа го пребарувале полицајци со кучиња трагачи за експлозив.
Бомба во возот анонимно на телефон пријави пијан ситен криминалец, но полицијата брзо го открила и кога се отрезнил го обвинила за предизвикување лажна тревога за што во Чешка му прети казна до пет години затвор.