Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ало, началниче!
Коментар

Ало, началниче!

јуни 6, 2017Updated:октомври 18, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Започна фестивалот на ветувања. Едни тргнаа да проповедаат од овде, други од онде. Едни од градови, други од села. Фокусот на вниманието на јавноста сега е во лидерите на партиите.

Толку, се чини, беше од гневот што минатата недела илјадници го истураа по социјалните мрежи, а се однесуваше на прислушкувањето и случајот „Таргет“.

Имперсонална контрола, губење на приватноста и загрозување на интимата на поединци се врели теми во која било држава, за во цивилизираните и демократските не сакам ни да зборувам, само тука прислушкувањето на илјадници луѓе од сите сфери во општествениот живот, замина како однесено со виорот.

Она што со години лебдеше во воздух, а што пред неколку дена за момент ги разбрануваа духовите на бизнисмени, политичари, судии, обвинители но и новинари, е нецивилизацискиот однос на роднинскиот двоец кон физичката слобода и правдата на сите нас.

Ние, бре, сме биле под контрола, само сме мислеле дека сме слободни.

Нивната склоност кон воајеризмот, луѓе мои, не познавала граници.

Никој не треба да е над уставот и законите, но тие повеќе од сигурно биле.уверени дека тие се се во државава.

Дека се и устав и закон, дека се и судии и кадии.

Иако со низа меѓународни конвенции, како едно од основните, неотуѓивите човекови права, правото на приватност е многу прецизно дефинирано дека никој не смее да го повреди, тоа кај нас се кршело и надолго и нашироко.

Ми требаше време, а и калкулатор да пресметам колку долго јас, а преку мене и членовите на моето семејство сме биле ставени на „програма“.

Според телефонскиот број заведен во документот што го поседувам, „на штипки“ сум бил најмалку 6,5 години, заклучно со 2013-та, или 2370 денови или 56880 часа. Заведен сум под кодно име „3 ЗАКАНА“. Што значи тројката, веројатно само „кумот“ знае. Претпоставувам дека сум бил „Тројна закана“.

Ги имаа сите наши лични податоци, од името до единствениот матичен број, скенирани отпечатоци од прсти, ни ги знаеја адресите, крсните слави, ни ги гледаа мејловите. Ама, и тоа им било малку. Сакаа да знаат каде одиме, со кого одиме и што разговараме, од што болуваме, која националност сме, на кој бог се молиме, за која политичка партија сме.

На таков начин со години кај народот создаваа невиден стравопочит, за што луѓето им принесуваа жртви – ситомаштија, егзодус, понижување.

Сето тоа го правеа во име на некои „мрачни сили“, а такви ти биле самите тие.

Нечии животи ги претворија во комедија, нечии, пак, во трагедија. Бројни луѓе ја убија иднината на своите најмили.

Роднинската „империја на умот“ со прислушкувањето, работа што прави силен рез помеѓу цивилизацијата и примитивизмот, се одржувала на власт, со прислушкување „педагошки“ укорувала бизнисмени и од нив купувала и продавала акции, со прислушкување запоседнувале фирми.

Вистински едукативните луѓе, кои е тешко да ги контролираш поради нивната економска независност, ги „кршеле“ со скратувањето на нивната работа, блокирање на јавните настапи, преку банковните книшки и со нивно девалвирање.

Единствен начин мегакапиталистите да ги задржат средствата кои ги украдоа од луѓето или ги зедоа на правно конкретен начин, на основа на правото кое сами го смислија, е да ги држат останатите луѓе под контролата на своите институции.

Повеќе од сигурен сум, дури процентуално посигурен и од Амди Бајрам, од неговите 102,5 отсто, дека бескорпулозната легализација на нехуманите решенија наговестува постоење на многу тајни подрачја и делови од институции, во кои е можно постоење на злоупотреби многу поголеми од ова со слушањево..

Масите мора да се држат во незнаење, школските системи да се стават под контрола. Амбициозните и љубопитни лица треба да се опслужат со лажни знаења и лажни титули.

Масите не смеат да научат да мислат. Приватност за нас не постои, ние немаме право на тоа, ниту технички и ниту суштински. Треба да се уништи секоја оригиналност и креативност. Народот треба да се држи во информациска изолација. Така мислеле, така правеле.

Какви алчни водачи со болни умови не водеа…!?

Уверен сум, многу животни се повеќе луѓе од ваквите нелуѓе.

ПС. Оценувајќи го поривот на „владетелите од сенка“ својата моќ да ја манифестираат со прислушкување на илјадници луѓе сфатив дека разликата помеѓу нас, меѓу мене и нив, е што јас ја ценам слободата, а тие ја величаат заробеноста.

Амди Бајрам закон судии Таргет Устав
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Не помина предлогот на СДСМ министрите да имаат само македонско државјанство

мај 18, 2026

СДСМ: Груевски мора да одговара пред законот

мај 4, 2026

СДСМ: Мицкоски внесува Бугари во Уставот!

април 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.