Српскиот кошаркарски репрезентативец Богдан Богдановиќ и официјално е нов играч на Сакраменто, откако денеска потпиша договор до „кралевите“.
„Официјално ’крал’. Не можам да го дочекам почетокот на сезоната“, порача сјајниот шутер на Твитер, кој во друштво со Владе Дивац, генералниот менаџер на Сакраменто, стави параф за настап во НБА клубот.
Според информациите од САД, Богдановиќ би требало да биде еден од најплатените „руки“ играчи во НБА историјата, затоа што потпиша договор на три години вреден околу 36 милиони долари, што сеуште официјално не е потврдено.