Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Боровец и Банско топ-дестинации за зимување за Македонците
Интересно

Боровец и Банско топ-дестинации за зимување за Македонците

јануари 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонците не се откажуваат од зимување во угостителските капацитети што се нудат во Банско и Боровец во соседна Бугарија. И годинава, како и изминатите години, најголем интерес има за хотелите во овие зимски туристички центри, иако не помалку атрактивни се и сместувачките капацитети во соседна Србија, како Златибор и Копаоник.

Туристичките агенции велат дека трендот на зимување во Банско и Боровец продолжува и годинава и оти најмногу се патува во овие туристички центри во зимскиот период поради големиот избор на хотели и пристапни цени.

„Интензивно се продаваат аранжманите во Бугарија поради големиот избор на хотелска понуда, но доста атрактивна годинава е и Србија со Златибор и Копаоник. Има нови капацитети и хотели што се изградени на Копаоник и се со доста добри цени. Еднакво атрактивен е и Златибор за зимскиот период, посочуваат од туристичката агенција „Савана“.

Цените на аранжманите за полупансион во хотелите во Банско се движат од 30 до 50 евра дневно во зависност од типот на хотелот, а слични се цените и во Боровец. Поевтино сместување со појадок и вечера може да се најде во хотелите во Пампорово, каде што се нудат аранжмани и за околу 20 евра.

Новина со која ќе се соочат македонските граѓани при патувањето во Бугарија е што од Нова Година е воведено електронско купување на налепниците за автомобили познати како вињетки кои досега можеа да се купат и на граница.

Цената на налепниците останува иста, но може да се купи викенд, неделна, тримесечна и годишна вињетка. Налепниците се купуваат на сајтот bgtoll.bg на кој информациите се на осум јазици. Плаќањето може да се изврши со кредитна или дебитна картичка, а преку сајтот е можен и трансфер на средства од банка. Системот овозможува е-вињетата да биде активирана со датум најмногу до 30 дена од моментот на купувањето, а автоматски се пресметува крајниот датум за валидност на вињетата.

По добивањето на идентификациски број на трансакција за купена вињета, клиентот може да преземе потврда или да внесе маил адреса, на која ќе му биде испратена. Вињетата нема потреба да се испечати, ниту да се носи во автомобилот или да се покажува на контролните органи.

Доколку граѓаните решат да заминат на зимување во соседна Србија тогаш ќе треба да платат од 40 евра нагоре за полупансион во Копаоник и Златибор. Во овие туристички места се нудат и апартмани со целосно опремени кујни што може да се изнајмат и за околу 30 евра.

Помал е интересот за зимување во домашните туристички капацитети во Македонија, како што се Маврово, Берово и Крушево. Во Маврово во хотел полупансион чини околу 40 евра, а пониски се цените за во Крушево, каде што престој во хотел со полупансион може да се најде и за околу 20 евра.

банско скијање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Инстаграм“ воведува „Инстанти“ – 24-часовни објави со фотографии што ќе се гледаат само еднаш

мај 18, 2026

Најтопли места во светот со температури околу 50 степени

мај 13, 2026

Во акцијата за чистење на Женевско Eзеро собрани 36.600 догорчиња и 2,5 тони отпад

мај 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.