ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека граѓаните оправдано се плашат дека претседателот на СДСМ Зоран Заев „е подготвен да ја реализира тиранската платформа, во надеж дека од позиција на власт ќе се спаси од кривичен прогон за кривични дела кои ги извршил“.
Од таму велат, секој ден коалициските партнери на СДСМ излегувале со изјави дека не се откажуваат од тиранската платформа, но ниту Заев ниту партијата ги демантираат таквите изјави.
Зарем вака криминогениот СДС ќе ги брани националните и државните интереси на Република Македонија?, прашува ВМРО-ДПМНЕ од каде бараат одговор и за тоа „кој ги манипулира гласачите и народот, Алијансата за Албанците или СДСМ.“
Дали лаже Таравари кога вели дека побарале двојазичноста да се реализира експресно и Заев се согласил со тоа или лажеше кога ја потпиша гаранцијата со која ја отфрли тиранската платформа, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму соопштуваат дека и понатаму ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во функција на граѓаните, штитејќи ги нивните интереси и истакнуваат дека „СДСМ треба да знаат дека за поткопувањето на унитарноста на државата се одговара пред законот, но и пред граѓаните на Република Македонија на избори, од кои упорно бегаат“.







