Во Крушево и Лазарополе паднаа четири односно три сантимери снег, а снежна покривка од шест сантиметри измерена е утринава во Маврово.
Најниска температута од -5 степени, е измерена во Берово.
УХМР за денеска најавува променливо облачно и студено време, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините снег особено во јужните и западните делови.
Максималната температура ќе се движи од 5 до 10 степени.
Утре според прогнозите ќе биде студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите на места ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови.
На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на некои повисоки места.
Во понеделик во текот на денот ќе има преодно стабилизирање, а нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.






