Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во Охрид почнуваат активности по препораките од УНЕСКО
Градови

Во Охрид почнуваат активности по препораките од УНЕСКО

јули 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Општина Охрид почнува со активности по препораките од УНЕСКО. Градоначалникот Константин Георгиевски денеска на прес-конференција информира дека утре почнува активност според препорака број 18, односно ќе презентира модел за регулирање на
сообраќајот во Стариот град.

„Остануваме отворени за сите политички и општествени чинители во градот и во државата. Нудиме соработка на експертската јавност, граѓанскиот сектор и медиумите. Но, за да имаме одржливи решенија, неопходно е партнерство со граѓаните на Охрид. Во таа насока, ја најавувам следната активност уште утре, активност според препорака број 18. Во Големата општинска сала ги повикуваме жителите на Стар Град од 20 часот на средба на која ќе се презентира моделот за регулирање на сообраќајот во ово дел“, рече Георгиевски.

Тој додаде дека дополнително ќе печатат и материјали и ќе користат и други канали за комуникација со цел да се зголеми информираноста кај граѓаните и да се зајакне свеста за мерките што ги презема локалната самоуправа.

„Ништо нема да се случи преку ноќ, ниту пак ќе биде едноставен овој процес. Битката за спас на Охрид допрва ќе се интензивира. На сите полиња. Посветеноста моја како градоначалник, на Општината и на Владата е целосна и недвосмислена. Сите да си го одработиме тоа за што сме одговорни, затоа што во залог не е само Охрид, туку и
функционалноста на политичкиот систем во државата. Одговорност за сите. Отстапки за никого“, порача охридскиот градоначалник.

На прес-конференцијата информираше дека на 43-тата сесија на Комитетот за Светско наследство на УНЕСКО, во Баку, делагиција од Општина Охрид ги презентирала актуелните состојби и преземените чекори во регионот, по што Комитетот донел одлука делегацијата во февруари 2020 година да поднесе извештај со напредок по препораките, па на следната сесија да се одлучува дали охридското подрачје ќе биде
ставено на листата на загрозени светски културни наследства.

„Нашата делегацијата оствари бројни билатерални среби со претставниците на земјите членки на Комитетот на кои беа презентирани актуелните состојби и чекорите што беа преземени во изминатот период од страна на Владата и Општина Охрид, по однос на 19-те препораки на последната реактивна мисија за охридско-струшкиот регион од 2017 година“, нагласи Георгиевски.

Посочи дека на сите средби биле поздравени заложбите на Владата на Република Северна Македонија и Општина Охрид во однос на ревизијата на проектот на пругата кон Република Албанија, автопатот Струга-Ќафасан, напуштањето на проектот за експресниот пат А3, Охрид – Св. Наум, трајното напуштање на проектот за Ски центарот Галичица, како и за носењето на предлог-закон за мораториум на градба во охридскострушкиот регион, носењето на планот со управување со културното наследство, формирањето на јавното претпријатие Колекторски систем и консолидација и модернизација на колекторот, изработката на елаборат за оценка на влијание на животната средина на Заливот на коските, одвојувањето на 240.000 долари за воспоставување систем за електронска регулација на нивото на езерото, регулацијата на сообраќајот во стариот дел на Охрид, изработката на регистарот на бесправно изгредени објекти, отстранувањето на неавтохтоните и инвазивни видови и материјали од центарот на градот и решеноста на Владата за во рок од шест месеци да се изработи Планот за управување со културно наследство на охридскострушкиот регион.

„Едногласен беше ставот на членките на Комитетот дека презентираните чекори, политичка волја и подготвеност да се постапува по наодите на стручните тела на УНЕСКО, се значаен исчекор во однос на сите предходни влади, поради што се прифати амандманот на нашата делегација во февруари 2020 година да доставиме извештај за напредок по препораките, а на следната 44-та сесија, повторно да се разгледува целокупниот едногодишен напредок на властите во имплементација и
отстранување на забелешките“, истакна градоначалникот на Охрид.

активности охрид унеско
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026

УХМР со временска најава за продолжениот викенд

октомври 8, 2026

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

октомври 7, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.