Македонија успеа со победа да го стартува своето петто Европско првенство, откако во драматична завршница стигнавме до импресивна 25:24 победа над Словенците.
По израмнетото прво полувреме во Загреб, се играше гол-за-гол, но пред крајот со серија од 3:0 дојдоа до реми 11:11, за на крајот да ја победат третата репрезентација на светот.
Најефикасен во нашата репрезентација беше Дејан Манасков со осум голови, седум постигна Кире Лазаров. Никола Митревски имаше девет обрани, а Борко Ристовски четири.
Сега следува дуелот со Црна Гора во понеделник, и темпото не смее да се намали ниту противникот да се потцени, иако тие загубија во дуелот со едни од фаворитите на шампионатот, Германија, загубија со 32:19. На овој меч, Македонија ќе може практично да го обезбеди пласманот во втората рунда.







