Судот во Грција му дозволи на еден од осумте турски офицери што побараа азил, да остане во Грција.
Офицерите пребегаа во Грција со хеликоптер по обидот за државен удар во Турција, пришто турските власти бараа враќање на осумте офицери, за да им се суди за учество во државниот удар.
Грчките медиуми објавија дека судот решил да одобри едно барање за азил, под образложение дека офицерот не може да очекува фер судење во Турција. Одлуките за другите седум баратели на азил ќе бидат донесени дополнително.
Освен оваа група офицери, досега околу илјада турски државкани побараа азил во Грција, наведувајќи дека доколку се вратат во Турција им се заканува апсење. Ситуацијата дополнително ги влоши односите меѓу двете земји.







