Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Досега непозната слика од Рембрант откриена од „Рајкс-музејот“ во Холандија
Култура

Досега непозната слика од Рембрант откриена од „Рајкс-музејот“ во Холандија

март 3, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Историчари на уметност во „Рајкс-музејот“ во Амстердам, Холандија, открија досега непозната слика од холандскиот мајстор на сликарството, Рембрант, објави германски „Ди цајт“ и други медиуми.

Музејот денеска соопшти дека, благодарение на најсовремената технологија за скенирање и стилската анализа, истражувачите успеале да ја потврдат автентичноста на сликата од 1633 година. Испитувањата траеле две години. Истражувачите притоа откриле дека такви бои биле користени и во други дела на Рембрант од овој период. Техниката на сликање и структурата на слоевите на бојата, според наводите, се споредливи и со другите рани дела на овој уметник. Делото наречено „Визија на Захарија во храмот“ неодамна му беше подарено на музејот од приватна колекција, заради проучување. Се очекува делото да биде изложено за јавноста од 4 март оваа година.

„Проучувањето на материјалите, стилските и тематските сличности, промените направени од Рембрант и целокупниот квалитет на сликата го поткрепуваат заклучокот дека оваа слика е автентично дело од Рембрант ван Рајн“, соопшти музејот.

Делото прикажува библиска сцена во којашто архангелот Гавриел го посетува свештеникот Захарија за да објави дека ќе има син, идниот Јован Крстител. Самиот архангел не е прикажан на многу темната слика, но светлината од горниот десен агол на сликата укажува на неговото пристигнување и ги истакнува контурите на свештеникот и златната облека. Изненадениот израз на неговото лице ја покажува недовербата на Захарија, се наведува.

До 1960 година, сликата не му се припишувала на Рембрант – се верувало дека е дело на друг сликар близок на познатиот уметник. Во 1961., платното било купено од приватно лице, а потоа  и оставено на заборавот. Сегашниот сопственик го открил потписот на Рембрант, контактирал со музејот и им дозволил на компетентните лица да ја испитаат сликата.

– Следствено, подробното проучување на делото, коешто вклучувало и макро-рентгенски флуоресцентни скенирања и споредби со други дела од уметникот, потврдила дека Рембрант е авторот, изјави Џонатан Бикер, кустос и стручњак за холандски слики од 17. век.

Рембрант Хармензон ван Рајн (1606 – 1669) е еден од најпознатите холандски уметници. Тој се смета за дел од барокот и златното доба на холандското сликарство, а стилот на сликање на Рембрант продолжува да влијае врз уметноста до ден денешен.

непозната ракс-музеј рембрант слика холандија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

мај 13, 2026

Објавени пробите за настапите на „Евровизија“

мај 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.