Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дуковски: Не постојат докази дека Чавков сторил кривично дело
Судски процеси

Дуковски: Не постојат докази дека Чавков сторил кривично дело

февруари 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бранителот на Митко Чавков, адвокатот Сашко Дуковски, во завршниот збор на судењето за случувањата на 27 април 2017 година во македонското Собрание, нагласи дека не постои никаква вина, ниту докази дека го сторил кривичното дело кое, како што рече, било наведено со само една нецела реченица.

Тој посочи дека одговорноста на сите е многу голема бидејќи станува збор за најголемиот судски процес од осамостојувањето до денеска за едно од најтешките кривични дела.

„Како дејствија на извршување на обвинетиот се наведува „со неиздавање наредби за распоредување на дополнителни полициски сили за обезбедување внатре и надвор од Собранието” и со тоа наводно дозволил да се случи дејствието во законодавниот дом. Затоа сметам дека со пола реченица наводно дејствие не е доволно за некој да биде обвинет за вакво кривично дело, изјави Дуковски.

Посочи дека во ниту еден момент не смее да постои дилема како е сторено кривичното дело, дали со неиспраќање полициски сили или со тоа што Крсто Мукоски ги отворил вратите од Собранието, без што толпата првично не би можела да влезе во Собранието.

„Сите можеме некого да сакаме или мразиме, но во судска постапка се почнува и завршува со докази за конкретното кривично дело. Овде такви нема, изјави Дуковски, нагласувајќи дека биле изнесени докази за ангажирани полициски сили и дека биле одобрени сите дополнителни побарани полициски водови.

Посочи дека Митко Чавков е невин и не сака да префрла вина, но имаме ситуација каде министерот за внатрешни работи Агим Нухиу имал право да побара дополнителни сили, но не побарал и не му фали ниту влакно, додека Митко Чавков, кој преземал дејствија за обезбедување дополнителни безбедносни сили се соочува со десет години затвор.

По Дуковски, завршни зборови пред Судот треба да дадат и адвокатите на останатите 16 обвинети во овој случај, по што можност да изнесат завршни зборови ќе имаат и сите 17 обвинети.

Завршни зборови на минатото рочиште изнесе јавното обвинителство, кое е застапник на обвинението за случајот „27 април“, во кој првично беа обвинети 33 лица, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.

докази кривично дело Чавков
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Научните докази покажуваат дека вејпингот, веројатно, предизвикува рак на белите дробови и на усната празнина

април 3, 2026

Пет пациенти во критична состојба, истрагата продолжува со нови докази и распити

март 26, 2025

ОБВИНЕНИЕ ЗА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ: Палчо ќе одговара за две грабнувања и за две убиства

август 12, 2024
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.