Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заврши 54. МТФ „Војдан Чернодрински“
Култура

Заврши 54. МТФ „Војдан Чернодрински“

јуни 16, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со доделувањето на наградите и со претставата во чест на наградените, синоќа на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп заврши 54. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што од седми јуни се одржуваше во
Прилеп.

Жирито ги додели наградите на најдобрите, пред сѐ, на најдобрата претстава во целина, претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ според Еврипид, во режија на Игор Вук Торбица, како и на сите најдобри остварувања.

Најдобрата претстава на Битолскиот театар ги собра аплаузите на публиката, а не помалку привлече внимание и аплаузи и наградата, првпат, од публиката која ги оценуваше претставите на Фестивалот.

Од публиката наградата за најдобра претстава ја понесе претставата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, во режија на Љупчо Ѓорѓиревски, а во изведба на Прилепскиот театар.

Оцената за претставата беше највисока од сите осум во официјалната конкуренција и изнесуваше 4,85.

Наградата во форма на статуетка во мермер со раце кои аплаудираат ја додели прилепскиот градоначалник Илија Јованоски на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во чиј состав е Прилепскиот театар.

На затворањето на фестивалот присуствуваше и заменик-министерот за култура Владимир Лазовски.

Според Иван Јерчиќ, директор на Народниот театар-Битола, чија претстава е најдобра, наградите секогаш се поттик.

„Пред сѐ, сакам да честитам за одличниот Фествал, за враќањето на Разговорите на тркалезната маса, зашто тоа е значаен момент за македонскиот театар. Наградите, во секој случај, значат. Оваа награда на Битолскиот народен театар доаѓа во вистинско време, како потврда за нашата работа, за идеите, за заложбите и за концептите кои ги развиваме. Се надевам дека и во иднина ќе доаѓаме на Фестивалот со успешни
претстави, ќе ја провоцираме публиката и ќе ја тераме да размислува и се
надеваме на нови награди. За оваа претстава се зборуваше многу и по премиерата. Нѐ очекуваат многу гостувања во регионот, а се надевам и на значајни европски фестивали и мислам дека направивме еден чекор напред, рече Јечиќ.

Александар Степанулески, добитник на наградата за најдобра главна машка улога за улогата на Јон во претставата на Прилепскиот театар „Пиреј“ смета дека поттикот за уметнички дострели останува.

„Одлично се чувствувам. Многу ми е драго што сиот напор за создавање на улогата го препознаа и жирито и пубиката и ова е поттик за понатаму“, рече Степанулески.

Тони Денковски, добитник на наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ од Театар Комедија смета дека како млад, поттикот е за да се работи успешно во иднина.

„Искрено сум многу среќен за наградата. Чест ми е што ја добив наградата за најдобар млад актер. Поминавме прекрасен процес со целата екипа на Тетар Комедија. Ова значи дека треба да се работи и секој да се вложува себеси во тоа“, рече Денковски.

Љупчо Ѓорѓиевски, режисер, добитник на наградата за современа драматизација на претставата „Животинскса фарма“ на Струмичкиот театар вели дека наградите се задоволство и обврска.

„На Фестивалот сум со две претстави: „Животинска фарма“ за која е оваа награда за соврмена драматизација и со претставата на Прилепскиот театар „Пиреј“ која се закити со три награди: за најдобри главни машка и женска улога и за музика. Наградата е валоризација на трудот, на некаков склоп на околност. Тоа е момент, како што се вели, кога коцките ќе се вклопат и еден труд се забележува и се валоризира. Тоа е задоволство и обврска за поинатаму“, рече Ѓорѓиевски.

Рекапитулирајќи ги годинашниве осум фестивалски дена, уметничкиот директор на Фестивалот Катарина Коцевска вели дека главни, најбитни биле фестивалските новини.

„На крајот сме на 54-тото издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Имавме новитети кои се покажаа бескрајно успешни: враќањето на разговорите на тркалезната маса на критиката, нова, првпат, доделена награда од публиката, електронско издание на Фестивалот. Имавме нови сили, нови млади актери кои дадоа нов дух, бевме присутни секаде и задоволна сум со сето што го постигна Фестивалот“, рече Коцевска.

Во чест на наградените ансамблот на МНТ ја изведе претставата „Силјан
штркот шанца“ од Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јанаќијевиќ со што
беше спуштена завесата на 54. Македонски театараски фестивал „Војдан
Чернодрински“.

Јавноста со нетрпение го очекува јубилејното, 55-то издание на Фестивалот.

54. МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп Центар за култура „Марко Цепенков“
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

мај 13, 2026

Објавени пробите за настапите на „Евровизија“

мај 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.