На градскиот плоштад во Валандово вчера, денеска и утре се одржува Саем на книгата, на кој со свои примероци од различни литературни жанрови се претставуваат
издавачките куќи „Едука Мак“, „Матица“ и „Полица“.
„Влогот во книгата секогаш е правилен избор поради што ги покануваме сите заинтересирани граѓани да ги посетат штандовите кои се поставени под отворено небо и да го збогатат својот литературен фонд“, велат од Домот на културата во Валандово, кој е организатор на Саемот на книгата под покровителство на Општина Валандово.
Организаторите нагласуваат дека ова е одлична прилика за купување книги по намалени цени и поволни услови.
Изборот е навистина богат затоа што се нудат дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература.







