Зголемен бројот на илегални имигранти во Албанија кои влегуваат од северот на Грција за да го продолжат патот кон европските земји.
Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека изминатава година се откриени околу 2000 илегални имигранти во Албанија
“Овие бројки не се загрижувачки за цела Европа, но може да бидат. Значи, ние не треба да ја направиме истата грешка од 2015 година. Треба да бидеме проактивни, за што зборував и со австрискиот канцелар Себастијан Курц, за да се унапреди соработката со цел да не се повтори грешката од 2015 година”, изјави Рама за австриската телевизија АРД.







