Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Линкевичиус: Денешната посета е поинаква од претходната, гледам светла иднина за Македонија
Македонија

Линкевичиус: Денешната посета е поинаква од претходната, гледам светла иднина за Македонија

јануари 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денешната средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Линас Линкевичиус кој престојува во официјална посета на Република Македонија, помина во пријателска и конструктивна атмосфера и на истата беа разменети повеќе информации и мислења околу идната соработка на двете земји како на билатерален така и на мултилатерален план, особено во рамките на нашите Евроатлански интеграции.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, посакувајќи му добредојде на гостинот, изрази задоволство и благодарност до Литванија за целокупната досегашна поддршка на нашиот евроатлански, при што ја потенцираше и соработката во рамките на Вилнус групата. Претседателот Џафери го информираше Литванскиот министер дека сега по заокружувањето на обврските околу ратификацијата на Преспанскиот Договор, законодавниот дом ќе продолжи да игра клучна улога во донесувањето на потребните реформски закони и во тој контекст истакна дека очекува до средината на месец Февруари 2019 година да се усогласат и донесат со забрзано темпо, со цел да се исполнат претстојните обврски до јуни оваа година, кога очекуваме и датум за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Министерот Линкевичиус се заблагодари на можноста за средба со претседателот Џафери и на самиот почеток подвлече дека неговата денешна посета на Република Македонија ја доживува многу поразлично од неговата претходна посета бидејќи „сега, истакна тој, гледа светла иднина за Република Македонија“. Литванскиот министер даде посебен осврт за досегашната соработка меѓу двете земји, особено во рамките на проектите и програмите на ЕУ за помош и поддршка на нашата земја во различни области како, финансискиот сектор, јавната администрација, јавниот менаџмент, владеење на право итн. Тој се согласи за улогата и важноста на парламентите во наредниот период на отворање на пристапните преговори и поглавјата со ЕУ и потенцираше дека треба целиот капацитет да се вклучи во реформските процеси.

Претседателот Џафери, апелираше до парламентарните групи за соработка на двете земји да ја интензивираат својата комуникација во наредниот период со длабоко уверување дека со продлабочување на парламентарната соработка на сите нивоа, ќе се олесни и нашето приближување кон ЕУ а и економската соработка ќе се издигне на едно повисоко ниво. Оваа констатација беше едногласно прифатена од двајцата соговорници.

ЕУ македонија посета џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Средба на Муцунски со Петрова во Софија

октомври 8, 2026

Петрова пред средбата со Муцунски: Коридорот 8 мора да се заврши, а не да остане збир од одделни проекти

октомври 8, 2026

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да го повика Филипче на информативен разговор за скандалот во МО во времето на Петровска

октомври 7, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.