Менувањето на сирискиот претседател Башар ел Асад повеќе не е приоритет во решавањето на сириската криза и непходно е да се стави акцент на борбата против тероризмот, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон во интервју за неколку европски весници, меѓу кои и германскиот Зидојче цајтунг, рече дека смената на Асад повеќе не е предуслов за ништо, затоа што не гледа некој кој би можел да го замени на местото претседател, пренесува Тасс.
Тој повика на правење нов план за Сирија, на кој приоритет ќе му биде борбата против тероризмот.
„Тие се наши непријатели“, напомена претседателот на Франција и посочи дека во таа борба неопходна е соработка, посебно со Русија.
Истовремено, францускиот претседател рече дека за него употребата на хемиско оружје е „црвена линија“, како и тоа дека Франција е подготвена, во случај да дојде до тоа, да се вмеша и изврши воздушни напади, дури и без поддршка на САД.
„Ако постојат докази дека дошло до употреба на хемиско оружје, а знаеме од каде доаѓа тоа оружје, Франција ќе одговори со воздушни напади, за да ги уништи складиштата“, дециден е Макрон.







