Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МАНУ одбележа 52 години од основањето
Култура

МАНУ одбележа 52 години од основањето

октомври 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Активностите на МАНУ во изминатата година се реализираа успешно и со планираната динамика.

Академијата се посвети на научноистражувачки проекти од различни области, разгледуваше и актуелни теми, а најголемо внимание им посвети на евроинтеграциските процеси, рече претседателот на Академијата Таки Фити во освртот за изминатата година од работата на МАНУ која денеска го одбележа 52-риот роденден.

Нагласи дека со својата советодавна функција, МАНУ во своите изданија, трудови и зборници објавила препораки и сугестии до креаторите наполитиките во сите области на науката и уметноста.

„Имавме извонредно богата работна програма, насочена во различни области која опфати различни теми, главно круцијални и врзани за актуелни состојби во Македонија во сите сфери на општественото живеење кои се во интерес на МАНУ – владеењето на правото и демократијата, што ќе биде и првото поглавје што нашата земја ќе го отвори во преговорите со ЕУ, потоа образованието, особено високото, науката, истражувањето и иновациските политики, економијата, потоа енергетика и животна средина, а посебно внимание обрнавме и на уметноста, културата, јазикот, мултикултурализмот“, истакна Фити.

Академијата годинава работи на 89 научни и уметнички проекти, соработува со странски академии, пред сѐ, со соседните БАН и САНУ, а досега во оваа година академиците на МАНУ објавиле 107 научни трудови, од кои 41 се со импакт-фактор.

Претседателот на МАНУ најави четиригодишен извештај за нејзиното работење (2016-2019) на 25 ноември на седница на Собранието на МАНУ на која треба да се избере ново раководство на Академијата.

По повод денот на МАНУ беше доделено и меѓународното признание „Блаже Конески“, чии годинашни добитници се Марија Солецка, Марија Бежановска и Борислав Павловски, кои се заслужни за промоциоја на македонскиот јазик и литература во средините каде што живеат и работат, односно Полска, Франција и Хрватска.

Бежановска од 1964 живее и работи во Франција и превела околу 40 литературни дела од македонски автори на француски јазик, како и преводи на француски поети кои учествувале на Струшките вечери на поезијата.

Борислав Павловски е редовен професор на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб, а покрај богатата преведувачка дејност е заслужен и за организирањето на Деновите на Миладиновци во Ѓаково и Осиек.

Марија Солецка живее во Полска, а работела како лектор по полски јазик на УКИМ.

Авторка е на 50-ина трудови од македонистичката библиографија, главна преокупација ѝ се семантика и синтакса на глаголите.

На својот 52-ри роденден МАНУ денеска го промовираше и изданието „Камбовски Liber Amicorium книга на пријатели“ во чест на 70 години од животот на академик Владо Камбовски. МАНУ го одбележа денот во пресрет на годишнината кога почнала да работи – 10 октомври 1967 година.

МАНУ основање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.