Општиот суд на Европската унија денеска ја потврди одлуката на Европскиот парламент дека лидерот на француската десничарска партија Национален собир, Марин ле Пен мора да врати 300.000 евра.
Ле Пен, која беше пратеник во Европскиот парламент меѓу 2009 и 2017 година, мора да ги врати парите затоа што било открено дека таа без причина барала парични средства на име помошник во Парлементот, пренесува Ројтерс.
Ле Пен случајот го предаде на Европскиот суд.
Со денешната одлука, судот го отфрли барањето на Ле Пен и ја потврди поранешната одлука на парламентот, се наведува во соопштението на Општиот суд.
Сега, Ле Пен има право на жалба до Европскиот суд за правда.







