Потпретседателот на САД, Мајк Пенс пристигна во Црна Гора, а на аеродромот „Голубовци“ во Подгорица, го дочека црногорскиот премиер Душко Марковиќ.
Пенс во Црна Гора допатува од Грузија, а претходно престојуваше и во Талин.
Американската амбасада во Подгорица доаѓањето на Пенс го пренесуваше во живо преку Фејсбук.
Тој е највисокиот американски претставник кој допатувал во Црна Гора во последните 100 години од кога двете држави воспоставиле дипломатски односи.
Воедно, тоа ќе биде прва посета на регионот на највисок претставник и прв соработник на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Мајк Пенс утре ќе учествува на работата на Самитот на Јадранската повелба, која се одржува во Подгорица.
Јадранската повелба ќе ги собере претседателите или премиерите на земјите членки, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Албанија.
Повелбата во 2003 година ја основаа Албанија, Хрватска, Македонија и САД за да им се помогне на земјите аспиранти за НАТО да се придружат на алијансата.
Пенс после Самитот планирано е да одржи билатерални средби со лидерите од земјите учеснички, после што ќе ја напушти Црна Гора.







