Ибрахим Елџаркиев, шеф на Центарот за антитероризам во руското Министерство за внатрешни работи, убиен е вечерва во Москва.
Ова за агенцијата ТАСС го потврди извор од службата за вонредни состојби.
Според информациите, истрели се слушнале во близина на зградата со број 2 во улицата „Академик Анохин“, а биле убиени две лица.
Агенцијата повикувајќи се извори од министерството за внатрешни работи пишува дека Елџаркиев преживеал обид за атентат во јануари 2019 година кога бил отворен оган врз автомобилот во којшто се наоѓал при премин од Чеченија во Ингушетија.
Тројца полицајци кои исто така биле во автомобилот се здобиле со прострелни рани, а Елџаркиев мина неповреден.
https://www.youtube.com/watch?v=jb4C4GzIfxA&feature=youtu.be