Познатиот британски истражувач доктор Едвард Вилсон пред 118 години направил цртеж на птица во снег, а него, совршено зачуван, пред некој ден го пронашле истражувачи на истокот на Антарктикот.
Цртежот, работен во акварел, пронајден е во колибата Вилсон, каде што најверојатно е скриен во текот на експедицијата во 1911 година од која сликарот никогаш не се врати.
Цртежот бил пронајден под стари хартии, дебел слој на прашина и измет од пингвини.
Уметничкото дело насликано во 1898 година прикажува птица легната на грб во снег.
Експертите сметаат дека останало во совршено издание затоа што многу добро било спакувано во хартија и ткаенина и стоело во темница и на ладно.
Вилсон умрел заедно со капетанот Роберт Ф. Скот и тројца други истражувачи кога се враќале од експедицијата на Јужниот пол во 1912 година.








