Во општина Лепосавиќ полицијата на Косово пронашла нелегална фабрика за производство на алкохолни пијалоци и уапсила едно лице, додека за уште едно се трага, изјави денес регионалниот шеф на оперативата на Косовската полиција-север, Жељко Бојиќ.
Тој рече дека полицијата извршила претрес на три локации во општина Лепосавиќ, во селото Бановиќи е пронајдена една лабораторија и две во Лешко.
Пронајдени се, според Бојиќ, нелегални машини за производство и полнење и шишиња за разни видови пијалоци, етикети и затворачи.










