Седиштето на Владата на Србија, од 10 до 17 октомври, ќе биде нишката касарна „Књаз Михаило“. Тука ќе се одржуваат седниците, како и средби на граѓаните со премиерот и министрите, кои ќе се обидат да решат што повеќе проблеми во текот на тие седум дена.
Подготовките за настанот се во полн ек.
Предвидено е премиерот и министрите при престојот да се хранат во војничкиот ресторан, додека состаноците и приемот на граѓаните би биле организирани во Мултимедијалниот центар.
Граѓаните на Ниш и околните места можат за разговор со премиерот да се пријават на телефон или со испраќање на пријава на меил со назнака „Разговор со премиерот“.







