Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Објавен зборникот „Навраќање кон Конески“
Култура

Објавен зборникот „Навраќање кон Конески“

мај 17, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во издание на Општина Куманово од печат излезе зборникот „Навраќање кон Конески“, што го приредија Свето Стаменов, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ,
универзитетски професор и истакнат македонски историчар на книжевност, книжевен теоретичар и славист.

Со овој зборник Општина Куманово се приклучува кон сеопштото одбележување на стогодишнината од раѓањето на великанот на современата македонска култура Блаже Конески. Зборникот содржи избрани трудови на 29 врвни познавачи на животот и делото на великанот Блаже Конески, кои во целина ќе предизвикаат нови проширени сфаќања и оценки за неговото грандиозно дело.

Како што соопштија приредувачите, „Навраќање кон Конески“ содржи трудови, хронолошки претставени според времето на нивното објавување, на: проф. д-р Трајко Стаматоски, проф. д-р Виктор Фридман, Цане Андреевски, проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Маја Јакимовска – Тошиќ, проф. д-р Кристина Крамер, проф. д-р Марија Коробар – Белчева.

Има трудови од академик проф. д-р Влада Урошевиќ, проф. д-р Васил Тоциновски, академик проф. д-р Луан Старова, академик проф. д-р Златко Крамариќ, проф. д-р Владимир Мартиновски, проф. д-р Георги Сталев, проф. д-р Максим Каранфиловски, проф. д-р Лидија Тантуровска, проф. др Васил Дрвошанов, проф. д-р Свето Тоевски, проф. д-р Људмил Спасов, д-р Славчо Ковилоски, Атанас Конески, проф. д-р Веле Смилевски, проф. д-р Ранко Младеноски, проф. д-р Звонко Танески, проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Атанас Вангелов, проф. д-р Далибор Јовановски, м-р Кица Колбе и проф. д-р Милан Јазбец, кои секој од свој аспект фрлаат нова светлина врз творештвото на Конески.

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, во името на издавачот – Општина Куманово, за зборникот, меѓу другото, истакнува дека ова претставува вистински начин да го сочуваме сопственото јас, да продолжиме да го негуваме и чуваме од заборав сето она што со години некој неуморно го градел и создавал.

По зацртаната патека, која Блаже Конески ја одбележа, учејќи нè на тоа што претставува историја на еден јазик, треба гордо да чекориме од причина што пораките, кои тој ги создаде, се јасни и прецизни – да ги чуваме богатството, културата и јазикот македонски, истакна Димитриевски.

Рецензентот, проф. д-р Људмил Спасов, пак, за „Навраќање кон Конески“ истакнува: „Конески по еден повод истакна дека македонскиот јазикот и сè што е создадено на него е нашата идеална татковина. Оваа книга е уште еден убав прилог кон неа“.

-Зборникот „Навраќање кон Конески“ на Свето Стаменов и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, со сето она што го содржи, несомнено може да се смета и за јасен и недвосмилен македонски одговор на најновите бугарски негирања и посегања попосебноста на македонската нација, на нејзиниот национален идентитет, на нејзината историја и, особено, на македонскиот јазик, сметаат приредувачите на Зборникот.

блаже конески зборник
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.