Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Овошните насади уништени, огромни штетите по невремето во Преспа и Охридско
Градови

Овошните насади уништени, огромни штетите по невремето во Преспа и Охридско

јули 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Откорнати дрвја, искршени автомобили и камп приколки, откорнати кровови од куќи и помошни објекти, уништени овоштарници и земјоделски насади, искршени електрични столбови, е само дел од сликата во Долна Преспа по синоќешното невреме, во кое за
помалку од половина час опустоши се во овој крај.

Силен дожд, ветер и град ги зафатија селата кои гравитираат кон граничниот премин „Маркова нога“: Штрбово, Наколец, Крани, Долно Дупени и Љубојно, а некои од селата беа и со отсечени патишта.

Повозрасните жители велат дека не паметат вакво невреме во Преспанскиот регион.

Според првичните проценки од терен предизвикана е голема материјална штета, но за среќа нема човечки жртви, ниту повредени.

Во овој регион овошните насади претрпеле штета од скоро 100 отсто, а првично не може да се каже колкава е штетата на објектите.

Скоро 20 часа по невремето општина Ресен уште нема електрична енергија, поради претрпените штети на електричните столбови.

Екипи на јавните претпријатија од Ресен, Пожарната служба и ЕВН се на терен работат на расчистување на последиците од невремето.

Огромни штети, како што велат очевидци, имало во автокапмот Крани, каде биле
искршени камп приколки и автомобили.

Во обиколка на Долно Преспанските села е и градоначалникот Живко Гошаревски придуржуван од министрите за внатрешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство Оливер Спасовски и Трајан Димковски.

„На терен сме од синоќа, комуницираме со населението, онаму каде што можеме и каде што има потреба да помогнеме. Наши екипи се на терен, работат на расчистување на последиците од невремето. Медицински тимови беа во обиколка на погодените населени места, доколку имашепотреба да интервенираат, но освен кај исплашени граѓани, немало некоја посериозна интервенција“, изјави за МИА Гошаревски.

Силно невреме проследено со дожд и силен ветер синоќа го зафати и Охридскиот регион, односно туристичките населби Трпејца, Љубаништа и автокампот кај „Свети Наум“.

Туристите кои престојувале во овие локалитети сведочат за страотна глетка, акде за 20-тина минути имало, како што велат, вистинско „цунами“.

Штета има регистрирано кај камп приколките во „Свети Наум“, автокампот Љубаниште, и во Трпејца, но покрај откорнати дрвја, превртени приколки и искршени автомобили не се пријавени повредени лица.

невреме охридско преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026

УХМР со временска најава за продолжениот викенд

октомври 8, 2026

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

октомври 7, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.