Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми
Спорт

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

јули 26, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во следните три недели Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри 2024. Ви нудиме одговори на најважните прашања: Колку спортисти ќе учествуваат? Колку чинат билетите? И колку кондоми ќе се потрошат?

Колку спортисти учествуваат на игрите? 

Околу 10.500 спортисти и спортистки од 206 нации ќе настапат на Олимписките игри. Во текот на 19 олимписки денови, од 26 јули до 11 август, тие ќе се борат за подиумот во една од 32 спортски дисциплини. Севкупно, ќе се поделат 329 златни медали.

Меѓу најголемите ѕвзеди на Игрите е американската гимнастичарка Симон Бајлс. Четирикратната олимписка првенка на Олимпијадата во Токио пред четири години се бореше со психички проблеми. Во атлетските дисциплини, кенискиот маратонец Елиуд Кипчоге ќе се обиде да стане првиот во историјата со трет златен медал во серија.

Очите на светот ќе бидат свртени и кон кошаркарскиот тим на САД кој, предводен од Леброн Џејмс, Стивен Кари и Кевин Дурант пристигна во Париз по уште еден златен медал.

Руските и белоруските спортист(к)и ќе можат да настапат на Игрите под неутрално знаме. Нивните национални химни нема да се исполнуваат, и не им е дозволено да покажуваат државни симболи. Причината е руската агресија врз Украина.

 

Има ли билети?

Организаторите очекуваат 15 милиони посетитетли. Но, на официјалната билетарница се уште можат да се купат влезници за многу натпреварувања. Со цена од 15 евра, најевтини се билетите за фудбалските натпревари. Влезниците за ватерполо или кајак, на пример, чинат 24 евра.

Заинтересираните за пливачките натпревари или гимнастиката, ќе мора да одвојат над 100 евра за билет. Најскапа е церемонијата на отворањето- за овој настан најевтината влезница чини 500 евра.

 

Каде ќе се одржат натпреварите?   

Спортските натпревари ќе се одржат на 35 различни локации, но не сите се во Париз. Модерниот петобој и коњичките натпревари ќе се одржат пред дворецот Версај. Фудбал ќе се игра на стадиони низ целата земја. Ракомет во Лил. Сурферите ќе си ги мерат силите надвор од границите на Франција: на Тахити, најголемиот остров на Француска Полинезија.

Но, најголемиот дел од дисциплините ќе останат во срцето на француската престолнина. Особено впечатливи ќе бидат мечевите во одбојка на плажа- со поглед на Ајфеловата кула.

Церемонијата на отворањето нема да биде на стадион, како што е вообичаено, туку на 160 бродови со кои спортист(к)ите ќе патуваат по реката Сена низ Париз.

Останува да се одлучи дали натпреварите во слободно пливање и тријатлон ќе се организираат во реката Сена, како што беше првично планирано, поради нивото на загадување на реката кое варира, иако локалните власти тврдат дека состојбата е добра.

 

Кои се новите спортови?  

На секои четири години нови спортови стануваат олимписки. На последните Игри во Токио дебитираа скејтбординг, спортско искачување и кошарка три-на-три.

Во Париз за првпат ќе гледаме „брејкинг“, познат и како брејкденс. Спортист(к)и играат на музички битови едни против други и импровизираат кореографија. Најдобрите ќе ги оценува жири. Во некои дисциплини има мали промени. Така на пример, за првпат ќе видиме кајак-крос.

Меѓу спортовите кои годинава ги нема се бејзбол, софтбол и карате. Нема да има ниту натпревар во 50-километарско брзо одење.

 

Колку кондоми ќе се поделат?  

По забраната за интимизирање за време на Олимписките игри во Токио поради пандемијата на Ковид-19, на спортист(к)ите во Париз повторно им е дозволен секс. Во Олимпиското село, каде ќе бидат сместени 9.000 спортисти, на располагање ќе им бидат 300.000 кондоми. Алкохолот не е дозволен, па спортист(к)ите ќе мора да бараат утеха во 350 метри долгото бифе за храна.

Извор: (Dw)

2024 актуелно олимпијада
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.