Дедо Мраз ја реализира желбата на Наумче Здравески и му ја донесе најпосакуваната Милионер Џек Пот добивка во Македонија. Најновиот во листата милионери на Државна видеолотарија освои добивка вредна 1.640.646 денари. Добивката е освоена на 18 овој месец во „Спорт Лаиф Трејд“ во Охрид.
Државна Видеолотарија го пречека најновиот добитник за месец декември. Видно возбуден, во друштво на неговиот брат, Наумче Здравески пристигна да го подигне чекот. Скромен, но и расположен заради убавата добивка, со нас ја сподели својата среќна приказна. Ни откри дека претходно немал никакви очекувања, дури не верувал дека токму него и токму во местото каде ја освои добивката, тоа и ќе се случи. Добивката вистински го изненадила, посебно затоа што неколку минути пред да го слушне добитниот среќен звук, заедно со останатите играчи коментирале дека не постојат шанси, тоа да се случи токму на ова место. Освоените пари, вели, не брза да ги потроши веднаш. Најверојатно дел од нив ќе потроши за да си овозможи убаво новогодишно патување.
Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 169 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 251.845.460 денари. Покрај нив, освоени се и 27.446 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 168.103.329 денари.
Мини Џек Пот добивките се во вредност од четири до пет илјади денари, додека Милионер Џек Пот добивка е вредна од 1,2 до 1,8 милиони денари.







