Космонаутите од американската вселенска агенција НАСА, Кристина Коч и Џесика Меир влегоа во историјата откако неодамна, за првпат без машка придружба, прошетаа низ вселената.
Коч и Меир кои се екипаж на Меѓународната вселенска станица излегоа во „отворен простор“ за да го поправат делот на соларниот енергетски систем на станицата.
Ова е првпат за 50 години, откако луѓето шетаат низ вселената, две жени тоа да го направат без машка придружба.
Кејти Саливен, првата жена која пред 35 години зачекори низ вселената, изрази задоволство за потфатот на колешките од НАСА.
НАСА уште минатата година сакаше да организира прва женска прошетка низ космосот, но се откажа, затоа што немаше доволно одела со соодветна големина за тој потфат.







