Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Премиера на „Глембаеви“ во Прилепскиот театар
Култура

Премиера на „Глембаеви“ во Прилепскиот театар

септември 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ в сабота ќе ја изведе третата премиера оваа година –  „Глембаеви“ од Мирослав Крлежа во режија на Бранко Брезовец.

Еден од најпознатите текстови на Крлежа, кој говори за пропаста на хрватско капиталистичко семејство и за „расипаноста“ и пропаста на еден цел сталеж, што е во корелација и со актуелните состојби, Брезовац го поставува на прилепската сцена и вели дека наишол на одлична екипа.

Претставата во Прилеп и во земјава доаѓа три месеци по премиерата во Загреб.

„Вторпат режирам во Pрилепскиот театар. Пред девет години ја работевме претставата „Антица“ со целиот ансамбл на театарот. Оваа претстава е сложена. Тоа е најзначаен текст на Крлежа и во Хрватска е „канонски“ текст. Секогаш се поставува прашањето кои актери ќе ги играат улогите. Пред 12 години во Риека, претставата ја поставивме со улогата на бароницата Кастели доделена на Северина, повеќе како мјузикл, на
граница беше од класична претстава, со музиката на Марјан Неќак. Но секогаш за овој текст се потребни актери со посебна актерска концентрација. Претставата „Глембаеви“ пред три месеци ја работевме во Загреб, а еве сега и во Прилепскиот театар, но со битно различен контекст. Во текстот станува збор за „измислена“ хрватска буржоазија. И музиката во претставата е приспособена на македонскиот мелос. Дејството е подигнато на нивото на една античка трагедија. Затоа екипата во Прилепскиот театар е посебна и на високо ниво. За еден месец и половина направивме она што не верувам дека во Хрватска ќе го постигневме. Екипата навистина е одлична и сиот ангажман служи на чест и се е на едно неверојатно, велам, на европско ниво“, објаснува Брезовец.

Како продолжување и како копродукција, е втората премиера на 7 октомври во Прилеп со хрватски актери кои ќе играат заедно со прилепските.

Во тој проект се спојуваат загрепската премиера која беше во јуни и оваа, прилепската на „Глембаеви“.

Двата ансамбла вклучуваат над 15 актери кои ќе направат нова верзија под наслов „Глембаеви – уште една легенда“ во што ќе бидат вклучени раните драми на Крлежа.

Ќе се измешаат ликовите од минатото и сегашните Глембаеви и ќе се измешаат стварноста и фантастиката.

Актерите од Прилепскиот театар Андон Јованоски, Зоран Иваноски и Даниела Иваноска, носители на главните улоги, велат дека искуството од работата со режисерот е непроценливо.

„Секој актер посакува да работи со голем режисер како што е Брезовац. Работевме напорно и чесно целата екипа, со разбирање“, рече Јованоски.

„Го играм ликот на Леоне Глембај. Имам поврзаност со ликот зашто полагав приемен на ФДУ со монолог од ликот на Леоне Глембај. Секогаш ликот бил во врвот на улогите кои сакав да ги играм. Ми се врати таа љубов во театарт која иозвесен период ја загубив и среќен сум што со претставата се отвора ново поглавје во Прилепскиот театар, со луѓе кои сакаат да направат од театарот нешто“, изјави актерот Иваноски.

Актерката Даниела Иваноска го толкува ликот на бароницата Кастели Глембај, за која вели дека е посебен лик во театарската уметност, со  епитет на неморална жена.

„Во овој концепт ликот е жена со емоции, со љубов и со потреби“, рече Иваноски.

За актерот Трајче Иваноски како гостин во претставата е најбитно што фасцинира енергијата на прилепскиот ансамбл.

„Проклетството на големите фамилии трае од искона до денес, а сега уште повеќе. Направени се големи фамилии со убиства, криминал, корупција. темата е многу актуелна. За мене е фасцинантна актерската екипа. Прекрасна актерска енергија која одамна ја немам видено во Театарот. како гостин-актер, пензиониран, уживав во пробите и во актерските креации“, рече Трајче Иваноски.

Во актерската екипа се и: Ангела Наумоска, Димитар Црцороски, Исидор Јованоски, Игор Трпчески и Ана Митоска-Стојаноска.

Претставата утревечер ќе има претпремиера и ќе се игра на мала сцена.

Музиката е на композиторот Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез, костимите ги изработи Сузана Брезовец.

На 7 октовмри е закажана премиерата на втората претстава „Глембаеви – една нова легенда“ со хрватски актери.

Оваа е трета премиера годинава на прилепскиот ансамбл.

До крајот на годинава ќе има и една комедија во режија на Коле Ангеловски и детска претстава со финансиска поддршка на Прилепскиот театар.

„Глембаеви“ премиера прилепски театар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

мај 13, 2026

Објавени пробите за настапите на „Евровизија“

мај 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.